Култура

Настан по повод новиот мурал во МКЦ

Вечерва во Младинскиот културен центар ќе се одржи настанот по повод новиот мурал на фасадата на МКЦ, на кој ќе настапат групите „Поклон“, „Litemotif“ и „Spewn“. Темата на муралот е „индоктринација“ или: методите и последиците на вбризгувањето идеологија и доктрина во сферата на културата, образованието, религијата, политиката, медиумите, претприемаштвото, земјоделството…
На оваа тема ќе одговорат 35 уметници, кои преку портрет ќе ги прикажат своите размислувања и својот уникатен уметнички израз.
Музичкиот дел ќе го отвори Васко Атанасоски со свој нов музички проект. Потоа ќе настапат ПОКЛОН, LEITMOTIF и SPEWN.

–  Откако „муралистички“ прославивме 1/4 век официјална независна Македонија, ред е да ја славиме и првата пушка во Куманово и Прилеп. Се разбира, „муралистички“, се вели во соопштението од МКЦ.
Муралот е изработен на површина од 120 метри квадратни, на надворешниот ѕид на Младинскиот културен центар (МКЦ). Автори на муралот се: Иван Ивановски; Јана Јакимовска; Игор Тошевски; Атанас Ботев; Никола Радуловиќ; Милан Андов; Филип Велковски; Ана Јовановска; Сања Симоска; Бранкица Јордановска; Владимир Лукаш; Сали Ертунч; Зорица Зафировска; Перо Кованцалиев; Инес Ефремова, Ненад Тонкин; Горан Дачев; Маја Кировска; Миле Ничевски; Кристина Божурска; Марија Сотировска; Ване Костуранов; Марко Јанев; Шкипе Мехмети; Филип Јовановски; Анастасија Величковска; Љубиша Камењаров; Никола Анѓеловски; Иван Галовски; Крунислав Стојановски; Вук Митевски; Горан Менков; Мирослав Стојановиќ – Шуки; Ели Чочова; и Ѓорѓе Јовановиќ.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *