Култура

„Ничија земја“ на Биеналето на архитектура во Венеција

Македонскиот павилјон на 15. Венециско биенале за архитектура 2016, со проектот „Ничија земја“ на архитектите од проектантското студио „Стоун дизајн“ од Скопје ќе биде отворен до 27 ноември.
Архитектите од „Стоун дизајн-Скопје“ создадоа комплексен, масивен тунел, долг 15 метри. Завиен е како чаура, а кога ќе влезете не го гледате излезот. Обложен е со метален инокс. Почнува со височина од 2,2 метра, на средината достигнува 3,5 метри, па пак се спушта до 2,2 метра. Внатре има три иконични објекти од познати светски автори и неколку современи авторски објекти. Сите се со боја на песок.
Со делото „Ничија земја“, кое е инсталација – објект,  Македонија првпат се претставува со наменски проект за Биеналето на архитектура 2016.
Куратор на проектот е Стојан Павлески (архитект и визуелен уметник), автори на проектот се Стојан Павлески, Иван Симеонов (архитект, инженер), Ѓорги Радовановиќ (архитект) и Љупчо Тасевски (архитект).
Комесар на Македонскиот павиљон е Иванка Апостолова (ликовен антрополог, историчар на уметност), соработници на проектот се Влатко Чавковски (архитект и фотограф), Натали Павлеска (архитект), Ристо Кокаланоски (архитект), советници на проектот се професор и визуелен уметник Станко Павлески (ФЛУ, Скопје) и Јован Шумковски (ФЛУ, Скопје). Ко-уредници на посветениот каталог на проектот се Иванка Апостолова и Стојан Павлески.
На годинашното Биенале, кое се одржува од 28 мај до 27 ноември, националната архитектура ја претставуваат вкупно 61 земја, а првпат учествуваат Казахстан, Нигерија, Филипини и Јемен. Селектор на главната архитектонска изложба е реномираниот архитект Алехандро Аравена од Чиле, добитник на наградата Прицкер, која често се нарекува и Нобелова награда во архитектурата.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *