Култура

Нови Сад – Европска престолнина на културата за 2021 година

 

Нови Сад ќе биде Европска престолнина на културата во 2021 година, соопшти Европската комисија. Кандидатурата на Нови Сад за европска престолнина на културата ја поддржаа многубројни истакнати личности на светската и европската уметничка сцена, како што се, Раде ЃжШербеџија, Аница Добра, Стефан Миленковиќ, Томас Влашиха, Александра Вребалов и други.

За Европска престолнина на културата, покрај Нови Сад избран е и романскиот Темишвар, а како трет таа титула на 11 ноември со него треба да ја подели и еден грчки град.

Според новите прописи, од 2021 година секоја трета година кандидат за членство во ЕУ може да предложи свој град за Европска престолнина на културата.

Проектот „Нови Сад 2021“ е осмислен како платформа за развој на културните и креативните потенцијали на градот која има за цел да ја зајакне културната виталност, овозможи урбана регенерација и да ги подобри меѓународниот углед и туристичката посета.

Нови Сад низ овој проект ќе ги развие локалниот концепт и стратегијата на одржлив развој на културниот сектор, со тежиште на јакнење на институциите на културата, обновување на културното наследство, јакнење на партиципацијата во културата и развојот на културната и креативната индустрија

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *