Култура

Откриена најдлабоката подводна пештера во светот

Истражувачите во Чешка целосно ја завршија експедицијата во подводната пештера  Храничка бездна , (Hranická Propast), блиску до градот Хранице и за прв пат после незиното откривање во 1999 година, потврдија дека се работи за најдлабока подводна пештера на Земјата.

In this underwater photo taken Aug. 15, 2015 in the flooded Hranicka Propast, or Hranice Abyss, in the Czech Republic Polish explorer Slawomir Packo is exploring the limestone abyss and preparing for deeper exploration with the use of a remotely-operated underwater robot, or ROV. On Sept. 27, 2016, the robot went to the record depth of 404 meters (1,325 feet) revealing the abyss to be the world's deepest flooded cave, during the 'Hranicka Propast - step beyond 400m' expedition led by Polish explorer Krzysztof Starnawski and partly funded by the National Geographic. (Krzysztof Starnawski of EXPEDITION via AP)

Тимот предводен од чешкиот нуркач Кристоф Старнавски, успеал да стигне до длабочина од 404 метри, со помош на далечински управувано возило, што значи дека оваа варовничка пештера е за 12 метри подлабока од втората најдлабока подводна пештера – италијанската Поцо дел Меро.

Експедиција подлежеше на двегодишни нуркачки истражувања.

Во 2014 година, Старнавски сметал дека стигнал до дното на пештерата кога достигнал длабочина од 200 метри.

При последната експедиција мината недела, тимот успеал целосно да ја истражи пештерата со помош на далечински управуваното возило и да верификува дека навистина се работи за најдлабоката позната подводна пештера во светот, допирајќи до длабочина од 404 метри.

Иако тимот е сигурен дека ова е најдлабоката досега позната подводна пештера во светот, се` уште постојат многу работи што треба да се проучат.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *