Култура

Почина полскиот филмски великан Анджеј Вајда

Полскиот режисер Анджеј Вајда почина на 90-годишна возраст, пренесуваат полските медиуми. Вајда беше најистакнат претставник на „полската школа“ во кинематографијата, а за низата од одлични фимови беше добитник на Оскар за животно дело и добитник на Златна Палма во Кан. Вајда сними над 40 филмови во кариерата долга 60 години. Многу од неговите филмови, меѓу кои и „Канал“, „Човекот од мермер“, „Човекот од железо“ и „Катињ“, беа инспирирани од полската турбулентна воена и комунистичка исотрија. Во 2000 Вајда доби почесен оскар за придонес кон светскиот филм, од страна на Американската филмска академија. 

Претходно, четири негови филмови беа номинирани за Оскар, за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје. Во 1981 година тој ја доби наградата „Златна Палма“ на фестивалот во Кан, за филмот „ Човек од железо“. По падот на комунизмот, Вајда две години беше во политиката, како сенатор и член на Горниот дом на полскиот Парламент.

Последниот филм на Вајда „Призрак“ е приказна за животот на авангардниот полски сликар Владислав Стжемински, кој настрадал од поствоената сталинистичка власт на Полска. Вајда рече дека сакал да „предупреди против државната интервенција во уметноста“. Филмот неодамна е избран за полски кандидат за Оскар за најдобар странски филм 2017. Четири од претходните филмови на Вајда се номинирани во оваа категорија, а „Човекот од железо“ освои Златна палма во Кан 1981.

 

Автор:

Слични статии