Култура

Премиера на операта „Севилскиот бербер“ во МОБ

Вечерва, во Македонската опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе се одржи премиера на операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Авторската екипа е составена од: Диригент: Џанлука Мартиненги (Италија) новоназначениот шеф-диригент во Македонската опера и балет за наредната сезона. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), Асс.режисер: Љупка Јакимовска, сценограф: Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Васко Лисичов, концерт мајстор: Верица Ламбевска, Асс.хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Марјан Јованоски, Розина: Јелена Кончар (Србија), Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Небојша Бабиќ (Србија), Берта: Николина Јаневска, Злата Тошевска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски.

Репризата на ова најизведувано дело на Росини е закажана за четврток, 27октомври.

На репризата диригент ќе биде Иван Еминовиќ, во улогата на Розина ќе настапи Биљана Јосифов, а во улогата на Гроф Алмавива, Роберто Јакини Вирџили од Италија. Во останатите улоги настапуваат изведувачите од премиерата.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *