Култура

Работи коишто можеби не сте ги знаеле за Марко Поло: „Јас не кажав ниту половина од она што го видов“

Во 1271 година, венецијанскиот трговец Марко Поло, тргнал на легендарниот пат низ Азија, заедно со неговиот татко и чичко. Во текот на своето 24-годишно патување, Марко Поло е првиот Европеец кој ќе напише за посетените места, културата и технологијата на Далечниот Исток.  Во овој текст ви откриваме работи коишто можеби не сте ги знаеле за најголемиот  истражувач во историјата.

1.Марко Поло го напишал познатиот патепис во затвор

Писанието “Патувањата на Марко Поло” е напишано додека тој бил зад решетки во периодот од 1298 до 1299 година. Откако Марко Поло се вратил од патот, бил фатен и затворен, во периодот кога се воделе битки помеѓу Венеција и Џенова. Додека бил во затвор тој се сретнал со Рустичело, кој бил познат талентиран писател на романи. Поло ја диктирал неговата животна приказна и така двајцата мажи ја завршиле книгата до нивното ослободувањље во 1299 година, книга којашто ќе го направи славен.

2.Марко Поло не бил првиот Европеец кој патувал во Азија

Марко Поло може да биде првиот патник на Далечниот исток кој го документирал неговото патување, но тој секако не е првиот патник кој стапнал на таа територија.  Монахот Џовани де Пиан дел Карпини пристигнал во Кина во 1240 година, а после него во 1250 година пататувал Вилијам. Нивните патувања биле со мисија да го шират христијанството меѓу Монголите. Но и пред овие имало патници кои оделе на Далечниот Исток, најмногу со цел да водат трговија.

3.Марко Поло едвај ги знаел татко му и чичко му кога ја започнал експедицијата

Неколку месеци пред да се роди Марко Поло, 1254, неговиот татко Николо и чичко му Мафео, заминале од Италија за да тргуваат во Азија. Браќата се вратиле во Венеција во 1269 година кога Марко Поло имал 15 години. После само две години, во 1271 година тројцата тргнале на краток престој на Далечниот исток, каде останале  повеќе од 20 години.

4.Марко Поло помина многу од неговото патување како специјален пратеник на монголскиот владетел Кублај Кан

Фамилијата Поло тргувале со раритети, свила, драги камења и зачини. Но нивните патувања биле многу повеќе од вршење само трговија. Тие биле емисари на монголскиот император Кублај Кан, со кого најстариот од фамилијата на Поло, се спријателил од претходното патување. Младиот Марко изградил силна врска со Големиот Кан, кој ќе го испрати во Кина и во Југоисточна Азија како специјален гласник да собира данок. Фамилијата Поло ја имала привилегијата слободно да се движи низ Монголската Империја, бидејќи биле почесни гости на Великиот Кан.

5.Марко Поло, за некои животни што прв пат ги видел на неговото патување, ги сметал  дека се  митски суштества

По неговото враќање од Азија, Марко Поло темелно ги документирал неговите средби со непознати животни како што се слоновите, мајмуните, крокодилите. Тој ја опишал змијата што може да голтне човек. Тој е меѓу првите Европејци кој видел азиски носорог.

6.Марко Поло бил меѓу првите Европејци кој ги опишал напредните технологии во Кина

Голема заблуда е дека Марко Поло ги вовел тестенините во Италија, бидејќи тие постоеле со векови пред тоа, но не постои никакво сомневање дека Западот станал свесен за многу кинески изуми. Меѓу другото, Марко ги донел информациите за книжните пари. Тој го опишал јагленот во неговите записи, коштој не се користел се до 18 век, па дури се смета дека ги донел и очилата. Во меѓувреме, тој во еден од историските записи, го опишал во детали монголскиот поштенски систем, кој се состоел од сложена мрежа со контролни точки и курири, на тој  Кублај Кан го контролирал своето големо царство.

7.Фамилијата Поло изгубила голем дел од нивното богатство враќајќи се дома

Откако ќе ја напуштат монголската територија, Марко, Никола и Мафео, веќе не можеле да сметаат на заштитата од Кублај Кан. Како патници, кога поминувале низ територијата што денес припаѓа на Турција, биле ограбени од локалната власт за 4.000 византиски златни монети.  Но, и покрај оваа значајна загуба, на фамилијата Поло сепак им останало доволно богатство, за кога ќе пристигнат дома во Венеција, во 1295 година, да важат за богати мажи. Според едно кажување, тие, повеќето од нивните драги камења, ги сошиле во нивните палта.

8.Многу од современиците ги отфрлија расказите на Maрко Поло како претерани и лажни

Многу од опишаните чуда на ориентот од страна на Марко Поло, едноставно беа премногу за некои од читателите за да поверуваат во нив. Читателите и имаа причина за да бидат скептични: Поло и неговиот пишувач Рустичело, биле оценети дека во многу работи едноставно претерале. Така Марко Поло често фиктивно се вметнувал во описот на многу сцени од битките, или во дворските интриги.

Од своја страна пак, Марко Поло никогаш не признал дека претерал во раскажувањето. Напротив, тој на смртната постела рекол: „Јас не кажав ниту половина од она што го видов“.

9.Патот по кој одел Марко Поло, по неговото враќање во Венеција, подоцна станал  

Кублај Кан умрел додека фамилијата Поло се враќала во Венеција. По смртта на Кан се формирале разни племенски групи кои го контролирале патот на свилата. Се поретко имало храбри патници кои се одлучувале да тргнат на пат на Далечниот исток.

10.Марко Поло имал големо влијание и на други истражувачи, вклучувајќи го и Кристофер Колумбо

Марко Поло никогаш не се гледал како истражувач, тој го преферирал терминот патник. Неговото патување инспирирале цела генерација на авантуристи. Меѓу неговите следбеници бил Кристофер Колумбо, кој си понел примерок од “Патувањата на Марко Поло” на неговите патувања во Новиот Свет. Не знаејќи дека монголската империја многу се изменила од времето кога  патувал Марко Поло, Колумбо дури и планирал да оди по неговите стапки и да воспостави контакт со наследникот на Кублај Кан.

 

Автор:

Слични статии