Култура

Реставриран фрескоживописот во „Св. Петка“ во Побожје

Проектот за конзервација и реставрација на фрескоживописот во црквата „Св. Петка“ во скопското село Побожје е завршен од страна на НУ Конзерваторски центар Скопје. Податоците при самите истражувања кога почна проектот да се реализира, говорат дека фрескоживописот има три слоја кои датираат од 12, 15 и 19 век. Исто така, интензивно се работи на реставрацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во скопското село Љуботен и се очекува да заврши идната година. Станува збор за два исклучително значајни проектa од областа на заштитата на културното наследство. 

По тој повод министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска  ги посети двете цркви, по што изјави дека проектите се одобрени со годишната програма на Минстерството за култура.

Luboten_640_-2

Министерката посочи дека за проектот за конзервација на фрескоживописот на црквата „Св. Петка“ од буџетот на Министерството за култура се издвоени 1 милион и 100 илјади денари.

Таа рече дека во црквата „Св. Никола“ конзервацијата на фрескоживописот се работи од страна на стручната екипа при НУ Конзерваторски центар Скопје.

„Јужниот дел во делот на конзервација на фрескоживописот е целосно завршен. Се работи за црква од 14. век со богат фрескоживопис. Стручниот тим продолжува со работите на горната површина на црквата, а потоа од другата страна на црквата. Се очекува конзервацијата на фрескоживописот да заврши идната година“, истакна Канческа-Милевска која  потенцираше дека црквите „Св. Никола“ и „Св. Петка“ се наоѓаат во Скопска Црна Гора и оти тој предел е богат со над 50 цркви и манастири.

Luboten_640_-4

– Самата институција има огромен број проекти одобрени од Министерството за култура. Се работи на голем број манастирски комплекси, фрескоживописи кои се во проектите – додаде Канческа-Милевска.

Директорката на НУ Конзерваторски центар Скопје, Ема Петрова, рече дека изработиле повеќе проекти за конзервација и реставрација на фрескоживопис, икони и иконостаси од црквите во скопскиот регион

– Оваа година завршуваме со реализацијата на проектот за конзервација и реставрација на црквата „Св. Петка“ во Побожје, односно со старата црква која е од 15 век за која имаме сознанија, односно истражувачки работи, кои покажаа дека потекнува од 12 век. Во иднина ќе се продолжи со реставрација во останатите фази на црквата и понатаму кога ќе биде комплетно завршена со иконостасот – рече Петрова.

Luboten_640_-7

Таа посочи дека годинава почнале со реализација на конзервацијата во црквата „Св. Никола“ во Љуботен, а во редовната програма на институцијата се и други проекти за конзервација на икони и иконостаси.

Завршуваме, нагласи Петрова, со реализација на проектот за иконите и иконостасот во црквата „Св. Спас“ во село Кучевиште, потоа завршна фаза на реализација на иконите од депото на црквата „Св. Спас“ во Скопје, реализација на проектот на иконите и иконостасот во црквата „Св. Спас“ каде што е сместена нашата институција.

Luboten_640_-6

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *