Култура

Словенија е најуспешна зелена туристичка дестинација во светот

На свеченост што во Љубљана ја организираа Словенечката туристичка организација и холандската организација Green Destinations, Словенија е прогласена за најуспешна зелена дестинација во светот. Ова е прв пат да се додели оваа награда.

Во проценката на зачуваната околина и потенцијалот за одржлив туризам меѓународната жири-комисија ги бодуваше државите според 100 критериуми, а Словенија исполни дури 96 од бараните мерила. Освен Словенија, првите места на листата со најзелени светски дестинации ги зазедоа: Холандија, Хрватска, Португалија, Канада, Чиле, Кина, Шпанија и Велика Британија.

Cityscape of the Slovenian capital Ljubljana.

Освен Словенија, првите места на листата со најзелени светски дестинации ги зазедоа: Холандија, Хрватска, Португалија, Канада, Чиле, Кина, Шпанија и Велика Британија.

„Бидете горди на својата држава и на тоа што сте го постигнале во зачувувањето на нејзината зелена и чиста природа, со автентична понуда за вашите гости“, истакна на свеченоста претседателот на Green Destinations, Алберт Салман.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *