Култура

Состојбата во македонската кинематографија: повеќе пари, послаби резултати

Луѓето во Македонија не ја знаат реалната состојба во која се наоѓа македонскиот филм, бидејќи во недостаток од било каква награда и признание,  почна и учеството по филмските маркети да се прикажува како успех. Но проблемот за неуспехот на македонскиот филм е многу подлабок, посуштински и е системски и треба да го  бараме во нашиот образовен систем, во нашата способност да произведуваме квалитетни кадри, бидејќи состојбата е разочарувачка, кога станува збор за младите филмски автори и нивната едукација.

Дека едукацијата е мајка на се, зборува и нашата состојба во која се наоѓа нашето општество, зборува за нашата сервилност, за нашиот страв, за некритичност, за нашето „легнување на брашно“,  за  неинвентивноста, за мислењето дека секој може да научи и да знае се без разлика на возраста, за нашата леснотија  на изреченото, „ќе  го биде, ќе научи “.  Но додека тој некој да научи, ние стоиме во место, што е еднакво со враќање назад. Состојбата во македонската кинематографија ова најубаво го покажува: и покрај напорите и желбите на Министерството за култура и решеноста на нашата држава да го крене македонскиот филм, одделувајќи поприлична сума пари, сепак македонската кинематографија не направи филм веќе десеттина години, кој би влегол на некој фестивал во натпреварувачката програма, а да не зборуваме за освоени награди од филмски фестивали. Очигледно е дека не е се во парите, туку  треба и да се знае како!

Слични статии