Култура

Стартува нов Меѓународен филмски фестивал „КинеНова“

Задутре,  во киното „Култура“ стартува нов  независен Меѓународен филмски фестивал кој своето прво издание ќе го има од 5 – 9 октомври 2016 година во Скопје, Македонија.
Неговата цел е да создаде еден нов простор каде пред публиката и стручната јавност ќе се претставуваат и афирмираат што повеќе нови филмски автори од Македонија и светот, така што ќе ги претстават или развиваат своите дебитантски дела и проекти преку проекции, работилници и состаноци.
Со тоа тоа ќе се оствари идејата фестивалот да анимира што повеќе млада публика на која ќе и се доближи авторскиот филм и која ќе се инфицира со филмската уметност.

Меѓународниот филмски фестивал „КинеНова Филм Фест Скопје“ е организиран да даде фокус на творештвото на филмските автори од целиот свет кои се на самиот почеток од своите филмски кариери.

Авторите на избраните филмови за официјалната програма ќе бидат поканети да бидат дел од фестивалот кадешто ќе ја претстават идејата за своите филмови, филмските приказни и причината за личната ангажираноство нив, и со тоа фестивалот и градот Скопје ќе бидат простор каде новите филмски автори ќе се среќаваат и од каде ќе ја трасираат својата филмска патека. Покрај главната програмска оска на фестивалот, ќе има многу дополнителни програми и содржини кои ќе го збогатат фестивалскиот живот и ќе овозможат на филмските создавачи да го надградат своето филмско знаење и искуство преку учество на панел дискусии, трибини, мастеркласи, работилници.

ЦЕЛИ НА ФЕСТИВАЛОТ

  • Да го реафирмира и поддржи филмското творештво во Македонија
  • Да ја поврзе македонската кинематографија со другите светски кинематографии и да воспостави контакти и силни врски, особено со оние сличните, помали кои тешко го пробиваат патот на големите светски пазари и фестивали и така да овозможи вмрежување на истите.
  • Да им овозможи на новите филмски автори да ги претстават и промовираат своите дебитантски дела пред широка публика и стручна јавност.
  • Да се откриваат нови филмски автори преку овозможување на простор каде тие ќе ги претставуваат и развиваат своите проекти заедно со скрипт доктори и продуценти.
  • Да ги поддржи регионалните и Европски кинематографии и да ги охрабри за уште поголема поддршка на авторите кои штотуку почнуваат да ја трасираат својата патека во филмската индустрија.
  • Фестивалот особено ќе ги поддржува оние автори кои имаат храбар и ангажиран однос во пристапот и во изборот на темата, и кои актуелизираат прашања кои се под површината на секојдневието.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *