Култура

„Стил темпл“ го промовира својот нов албум

Вечерва, во кафе барот „Ван Гог“ во Скопје, македонската хеви-метал група „Стил темпл“ ќе го промовира својот втор албум. Групата направи пауза од една деценија но сега се враќа со одличен албум. До крајот на годинава ќе следува и голем промотивен концерт. Албумот  е со наслов „Nobody’s Slave“ а членовите на бендот се, пејачот Фили Филиповски, тапанарот Урош Вељковиќ, клавијатуристот Дарко Поповски-Блуз, басистот Маријан Петровски и веќе поранешниот гитарист Дениз Адил.
Повеќето од песните се стари, а некои од нив се преработени, за да можат да звучат помоќно, поконцизно и помодерно, односно да бидат пометалски песни. Некои се речиси комплетно различни од претходните во однос на аранжманите.  Со снимањето на песните започнале во  2013 година. Албумот ќе ја носи етикетата на швајцарско-српската издавачка куќа „Мајнер рекордс“, која објавува изданија на големи светски метал-имиња.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *