Култура

Сунчица Уневска член на жирито „Фипресци“ на Филмскиот фестивал во Виена

Филмската критичарка и новинарка, Сунчица Уневска, годинава е член на  жири на филмски новинари „Фипресци“ на 54. издание на Филмскиот фестивал во Виена.  Ова жири ќе ја додели наградата  на критиката „Фипресци“ на првите и втори филмови на режисерите.

Во жирито на 54. Филмски фестивал во Виена, останатите два члена се, Петра Ердман од Австрија и Беат Глур од Швајцарија. Во селекцијата за наградата „Фипресци“ се вклучени 14 играни и шест документарни филмови.

Сунчица Уневска досега има партиципирано во повеќе жирија, меѓу кои на фестивалите во Мотовун, Софија, Вајадолид, Истанбул, Братислава, Каиро и други. Минатата година таа ја издаде својата прва книга со филмски рецензии „Седмиот печат“, а неодамна го промовираше и првиот филмски месечник во нашата земја „ФИЛМ ПЛУС“.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *