Култура

„Тесла моторс“ ја претстави невидливата соларна батерија

Директорот на американската иноваторска компанија „Тесла моторс“, го претстави новиот производ на својата компанија, односно панелот за покрив и напреден уред за складирање на енергијата своевиден соларен цреп, пренесува „Нова Македонија“.

На презентацијата во Лос Анџелес, челникот на компанијата, Елон Маск ја претстави соларната батерија на иднината, која што се интегрира во покривот на домот, така што речиси е невозможно да се види. Компанијата ќе го понуди на пазарот својот производ во четири варијанти: шкрилеста керамида, керамида во тоскански стил, текстурирано стакло и сјајна стаклена плочка.

Презентацијата се одржа три седмици пред спојувањето на „Тесла моторс“ и американската енергетска компанија „Соалр сити“ кое треба да се случи на 17-ти ноември. Доколку зделката биде остварена, компаниите планираат презентираниот производ да го произведуваат во сојузната држава Њујорк.

Покрај панелот, „Тесла“, исто така, го претстави и усовршениот систем за акумулација на соларната енергија „Пауервол 2“, кој може да се користи и за приватните домови и за деловни објекти.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *