Култура

Вечерва стартува 35. издание на „Скопје џез фестивал“

Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток во 20 часот, ќе се отвори 35. издание на „Скопскиот џез Фестивал“. На првата вечер ќе настапи еден од најиновативните импровизатори на француската џез-сцена, пијанистот Бојан Зулфикарпашиќ познат како Бојан З. вечерва, 13 октомври, во Македонскиот народен театар ќе го отвори 35-то издание на Скопскиот џез фестивал. На вториот концерт на истата локација ќе настапи и светскиот виртуоз на гитарата, Џулијан Лаж со своето трио.

Почнувајќи со класичен клавир на петгодишна возраст, приближувајќи се до белградската рок сцена како младич, Бојан Зулфикарпашиќ добил стипендија на осумнаесетгодишна возраст да студира џез во класата на Клер Фишер во САД. На дваесет години се преселил во Париз, докажувајќи се како иновативен импровизатор на француската џез сцена. По повеќе од две децении Бојан З има изградено впечатлива репутација. Како многу баран придружен инструменталист, има соработувано со ѕвезди како Анри Тексие, Мишел Портал и Жилиен Лоро. Покрај тоа, има и осум свои албуми што ги истакнуваат размерот и опсегот на неговиот музички опус. Првиот солистички музички потфат на Бојан З беше вешто насловениот „Solobsession“ од 2001 година за дискографската куќа „Bleu“. По единаесет години следуваше неговиот втор соло албум насловен „Soul Shelter“, плоча што истакнува заводлив и зрел пристап кон неговиот специфичен вид стилска фузија, но и ја потврдува оригиналноста на неговиот музички карактер,  оригиналност поради која е важен творец во современиот европски џез. Бојан З ја доби наградата „Џанго Рајнхарт“ за музичар на годината од Француската џез академија, а во 2005 година му беше доделена Европската џез награда за најдобар европски џез музичар. Креативен, префинет, непредвидлив и секогаш прикрепен за мелодични мотиви, поради необичната визија за соло клавирот на Бојан З овој исклучителен настап не смее да се пропушти.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *