Култура

Замина легендарната пејачка Љупка Димитровска

Познатата хрватско-македонска пејачка Љупка Димитровска почина синојка по тешко и кратко боледување во 71 година од животот.  Љупка Димитровска- Калоѓера е родена во Скопје 1946 година. Таа беше великан на забавната музика и на шлагерите, а врвот на својата популарност ја достигнала во 70-тите и 80-тите години. Голем дел од нејзините хитови ги напиша Никица Калоѓера со кој се венчаше во 1968 година. А многу од песните ги изведе во дует со Ивица Шерфези. Таа беше сопруга на познатиот композитор Никица Калоѓера, кој за неа  напишал бројни  хитови.

Нејзиниот прв албум под името „Љупка“ е објавен во 1975 година, по што следеше долга и успешна кариера со голем број на албуми и синглови. Љупка Димитровска беше позната во цела поранешна Југославија, а голема популарност имаше и во Чехословачка и Германија, Грција и Франција.

Димитровска учествуваше на Југовизија во 1970 година со песната Бај, бај со која го освои 6 место. Се до својата смрт живееше и работеше во Загреб.

 

Tagged with:

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *