Култура

Боб Дилан не доаѓа по Нобеловата награда

Годинешниот добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, нема да дојде на церемонијата на доделување на наградите во Стокхолм, соопшти Шведската академија. Дилан пријавил дека има други обврски, поради кои е спречен да дојде во Стокхолм на свечената церемонија. Ова го соопштуваат од Академијата по известувањето од страна на Дилан дека тој „сакал да може да ја прими наградата, но дека тоа за жал е невозможно, поради други обврски“.

Нобеловата награда за литература, му е доделена на 13 октомври наовој рок музичар и текстописец, а образложението на Нобеловиот комитет е дека наградата му се доделува за  „создавање на нови поетски изрази во рамки на големата американска поетска традиција“. По објавувањето на оваа информација, настапи молк од страна на Дилан. После две недели музичарот се огласи во јавноста изјавувајќи дека ја прифаќа Нобеловата награда за литература со што го прекина двонеделното молчење од кога му е доделено тоа највисоко светско признание за неговата вкупна работа. Тој рече дека „останал без текст“ кога слушнал дека станал првиот музичар кому му е доделена оваа награда и дека „многу го цени тоа“.

Оваа одлука на Нобеловиот комитет за избраниот нобеловец за литература ја подели јавноста и покрај подржувачите, имаше и жестоки реакции и критики и потсмев упатени до Нобеловиот комитет во Стокхолм.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *