Култура

Културно наследство на Македонија претставено во Париз

На Меѓународен саем за културно наследство во Париз, Управата за заштита на културното наследство го претстави богатото домашно наследство во еден од најпознатите светски музеи „Лувр“. Ова претставување следи по  успешното претставување во Италија. Македонија по втор пат  се претставува на овој меѓународен саем за културно наследство во Париз. Управата ги презентира изданијата за културно наследство од проектот „Најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство на Република Македонија, каде ќе се претстави со дваесет монографии за високо истакнати македонски антички градови,ранохристијанските базилики, средновековни цркви и манастири и исламски споменици. 

На саемот има повеќе од 340 учесници од земји од цел свет, меѓу кои Германија, Белгија, Кина, Јужна Кореја, Холандија, Италија и други земји, како и претставници од сите региони на Франција. Саемот се затвора на шести ноември. 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *