Култура

Локалитетот Долиште е археолошко наоѓалиште од капитален интерес

При археолошките ископувања на локалитетот Долиште кај селото Прилепец, се истражува еден сегмент од просторот за погребување, при кој се откриени пет гробови, од кои три детски и еден на родител погребан со своето дете на мала возраст. Пронајдените движни наоди (керамички садови, накит, монети) укажуваат на користење на некрополата во интервал од околу 800 години,  во времето на античкото Македонско Кралство и подоцна во времето на Римската Империја. При погребувањето во македонскиот период покојниците се спалувале, додека во римскиот период се практикувало закопување, вели археологот Душко Темелкоски за Нова Македонија, под чие раководство се водат теренските истражувања. Инаку, овој проект се води како капитален проект на  на Управата за заштита на културното наследство, бидејќи е утврдено дека некрополата датира од периодот на античкото Македонско Кралство. Реализатори на проектот, под раководство на д-р Антонио Јакимовски, се Филозофскиот факултет при УКИМ – Скопје и прилепскиот Завод и Музеј. Со  раководи , а проектот е поддржан со 300.000 денари и ќе трае околу 20 денови. 
Според Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство, првичните резултати ја оправдуваат идејата за вклучување на локалитетот како археолошко наоѓалиште од капитален интерес.
Инаку, во атарите на селата Прилепец и Волково, лежи се уште неоткриен град.  Месното население од двете села во прилепскиот музеј има донесено мноштво движни артефакти најдени при земјоделска обработка на земјиштето, преку кои се утврдуваат временските периоди на егзистирање на градот.
Секако најзначаен наод претставуваат над 200 сребрени монети на македонски и пајонски владетели, кои денес се чуваат во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *