Култура

„Мрачни часови“ освои прва награда на меѓународен фестивал

Македонскиот краткометражен филм „Мрачни часови“ освои прва награда на меѓународниот натпревар „Хeмфри Богарт филм фестивал“, за студентски ноар-филмови во Флорида, во категоријата филмови од странско говорно подрачје. Сценариото и режијата се на Трифун Ситниковски, а главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ и Александра Стојкова. Во филмот се појавуваат и Гоце Цветановски, Марија Димитрова и Александар Трајковски.

„Мрачни часови“ ќе се прикажува вечерва во Џебно кино во МКЦ, во рамките на студентската програма на Фестивалот за европски филм „Синедејс 2016“, со почеток од 17.30 часот. Филмот имаше проекција на годинешниот фестивал „Браќа Манаки“ и на уште неколку настани во Македонија и во странство.

– Приказната во филмот е за човек кој умира во канцеларијата на еден груб и циничен приватен детектив, оставајќи му еден чуден џебен часовник со 13 бројки. Со надеж дека ќе најде одговори, детективот почнува да следи една таинствена жена, која е поврзана со убиениот човек и со мистеријата на џебниот часовник, изјави за „Мета“ режисерот Трифун Ситниковски.

Промотивниот видеозапис за филмот може да го погледнете на следниот линк.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *