Култура

На 14 ноември ќе се случи „екстра супер Месечина“

На 14 ноември ќе бидеме сведоци на екстра супер Месечина, којашто се нема случено од 1948 година. По 14 ноември, Месечината нема повторно да се доближи толку блиску до Земјата се до 25 ноември 2034 година. Оваа, 2016 година ќе заврши со уште две супер Месечини што ќе се случат на 14 ноември и на 14 декември. Првата беше на 15-16 октомври. Терминот супер Месечина се користи кога Месечината е поблиску до Земјата од нормалната одделеченост. Но, на 14 ноември ќе бидеме сведоци на екстра супер Месечина, којашто се нема случено од 1948 година. Проценката е дека Месечината би можела да се појави поголема и до 14 проценти а нејзината светлина ќе биде поголема дури за 30 проценти од просечната полна Месечина. Но, и покрај наведените факти сепак не е лесно да се направи разлика помеѓу полната Месечина и екстра полна Месечина, бидејќи тоа во голема мерка зависи од временските услови, или се случува светлоста на Месечината да биде сокриена од облаци или да биде пригушена од градските светла.

Терминот „Супер Месечина“ е кованица од последниве години и е резултат на астрономскиот термин „перигеј полна месечина“. Зборот перигеј се дефинира кога  Месечината е на најблиската точка до Земјата. Месечевата орбита е елипсовидна. Како резултат на тоа Месечината се доближува поблиску до Земјата и кога зборуваме за перигеј тоа значи дека Месечината е поблиску до Земјата дури за 48300 километри. Оддалеченоста на Месечината и Земјата варира за околу 3 отсто, што се случува затоа што Месечевата орбита не претставува совршен круг. Состојбата кога Месечината се наоѓа на најоддалечената точка од Земјата се нарекува апогеј.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *