Култура

Најавените проекти на Охридското езеро може да го избришат од листата на УНЕСКО

Охридскиот регион, наместо  да остане на листата на светско културно и природно наследство на УНЕСКО, би можело да  го загуби овој статус и да се најде  на листата на загрозено наследство, предупредија две невладини организации, „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“.

Поради сомневањето дека планираните развојни проекти на брегот на Охридското Езеро и во Националниот парк „Галичица” ќе нанесат штета на повеќе од 260 заштитени видови со Конвенцијата за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта, еколошките здруженија на граѓани „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ иницираа жалба пред Постојаниот комитет на Бернска конвенција во Стразбург. Двете невладини организации во поднесената жалба бараат да се стави  мораториум на штетните проекти на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица. Тие ги предупредиле и локалните власти, но овие се оглушиле на препораките од УНЕСКО да се направи нов мониторинг.  Поради ова можно е веќе оидната година, 2017 во февруари, Охрид да го загуби статусот што го има Тие предупредуваат дека е можно веќе на почетокот на идната година Охрид да биде избришан од списокот на УНЕСКО.

Имајќи предвид дека Охридско Езеро и Галичица се дел од Емералд мрежата на Македонија (кои по влез во Еворпската Унија ќе бидат дел од НАТУРА2000 мрежата), а со планираните инфраструктурни проекти се загрозуваат над 260 строго заштитени видови со анексите на Бернската конвенција, ја инициравме оваа жалбена постапка пред Постојаниот комитет на Бернска Конвенција, изјави Александра Бујароска од Фронт 21/42. Оценката на еколозите е дека доколку се спроведат планираните проекти Македонија нема да може да ги исполни обврските од Конвенцијата.

Планираниот кој треба да оди преку Галичица и завршува во Пештани, а не продолжува за Албанија, ќе ја наруши животната средина.  Од невладината организација„Еко-свест“ имаат подготвено и понудено алтернативни решенија за одржлив транспорт во Националниот парк Галичица, со воведување на автобуски линии, изградба на специјална пешачка и велосипедска патека меѓу Охрид и Свети Наум, подобрување на водниот сообраќај преку соларни или електрични чамци, воведување такси служба со хибридни автомобили.

Според екологистите спорни се и другите планирани проекти во Охрид и на брегот на езерото, како што се пресушување на Студенчишкото блато заради изградба на комплекс на луксузни апартмани, уништување на природниот брег и сечење на трската кај Лагадин заради изградба на бетонска платформа, намалување на степенот на заштита на изворите кај Свети Наум заради изградба на огромен туристички комплекс од Љубаништа до Свети Наум, промена на заштитата на Галичица заради изградба на ски центар, викенд населба и хотел.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *