Култура

Пејачот на Deep Purple ќе одржи концерт во Скопје

Во Вип Арената во Скопје, на ексклузивниот концерт на 5-ти ноември,  одржи концерт познатиот пејач на легендарната група Дип Парпле, (Deep Purple), Јан Гилан (Ian Gillan). Тој ќе ги отпее напознатите хитови нас оваа група.

На концертот ќе биде придружуван од бендот на Don Airey и Македонската Филхармонија, а под диригентската палка на Маестро Steven Benltey Klein. Посебно интересен е фактот што на концертот на Ian Gillan во Скопје како предгрупа ќе настапи бендот Papa Le Gal, кој го предводи неговата ќерка Grace Gillan. За првпат во неговата долгогодишна музичка кариера тој ќе настапи со својата ќерка на иста сцена. Инаку Papa Le Gal е официјален support band, кој го придружува Ian Gillan на годинашната турнеја, во која опфатени се настапи во повеќе европски земји. Papa Le Gal е релативно нов бенд на музичката сцена, кој според критичарите е бенд што има светла иднина. Нивниот стил претставува своевидна фузија од повеќе музички жанрови, како фанк, афробит, латино и реге.

Автор:

Слични статии