Култура

Пронајдена нова мумија во Луксор – Египет

Шпански археолози открија древна египетска мумија во “добра состојба” во близина на Луксор во Египет, информира Министерството за антиквитети на Египет.

Остатоците биле пронајдени во гробница на западниот брег на реката Нил, 435 милји (700 километри), јужно од Каиро, се вели во соопштението и потекнува од периодот помеѓу 1075 пред наша ера и  664 пред наша ера. Мумијата обвиткана со платно и ставена во светло обоени дрвен саркофаг, била закопани во близина на храмот од ерата на воинствениот крал Тутмос III.

mumija1

Гробницата, најверојатно припаѓала на благородник, Аменренеф, кој би бил слуга на кралскиот двор, соопштило министерството.

Шефот на археолошкиот тим, Мирјам Секо Алварез, изјавил дека мумијата е украсена со многу шарени украси потсетувајќи на верски симболи во древниот Египет, како божиците, Изида и Нефтус,  прикажувајќи на нивните крила, како и четирите синови на Хорус.

Доказите покажуваат дека практиката на мотање на  телата, за тие да се зачуваат по нивната смрт, датира во Египет од 4500 година од пред нашата ера.

Луксор, град со околу 500.000 луѓе, има многу храмови и гробници изградени од страна на фараоните. Оваа е клучна област за туристичката индустрија во Египет, која е погодена од политичката нестабилност и џихад насилството од револуцијата во 2011 година, со која беше соборен Хосни Мубарак.

mumija

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *