Култура

Пронајдени артефакти во „Трескавец“

Во текот на заштитните археолошки истражувања на дел од комплексот во манастирот „Трескавец“, се пронајдени нови артефакти и тоа, монети, садови, керамика, алатки, уникатни примероци на камена пластика.  Во информацијата дадена од страна на археологот д-р Бранислав Ристески за Нова Македонија, при ископувањата на делот во трпезаријата и магерницата се пронајдени овие предмети. 
– Пронајдените предмети се од различни периоди. Она што, секако, е многу значајно е пронаоѓањето на единствената камена пластика од античкиот град Колобаиса. Истражувања беа со цел да добиеме релевантни податоци за изработка на проектот за реконструкција, ревитализација и санација на трпезаријата и магерницата, бидејќи кога ќе се градат треба да бидат автентични и ретки на овие простори. Она што е значајно е дека овој дел од комплексот датира од периодот од 8 до 13 век. Највисоките дострели се последните години на 13 и на почетокот на 14 век, кога владеел византискиот император Андроник Први Палеолог. На „Трескавец“ се бележи исклучително значајна сертификациска култура. Манастирот е византиски, царски манастирски комплекс со автентична трпезарија, магерница, архитектура, живопис – вели Ристески.

Проектот за санација на трпезаријата, магерницата односно целиот дел треба да биде завршен до крајот на годината. Носи наслов „Манастирска ризница“ и ќе има три сегменти – изложбен, трпезариски и третиот дел ќе биде посветен на иконите, со што ќе биде единствен на пошироките простори.

Инаку, во полн интензитет е градбата на манастирските конаци, која треба да заврши до идната година. Од српската фирма „Кото“, која ги изведува градежните работи, велат дека максимално се посветени на изградбата на опожарените конаци, кои треба да бидат автентични, според фотографија од 19 век.
– Возобновување на конаците е значајно за иднината на манастирот. Она што ќе се изгради со проектот за санација и ревитализација ќе биде уникатно. Ќе биде една од ретките целини на овие балкански простори. Ваков обем нема никаде – дополнува археологот Бранислав Ристески. 

, кои по конзервацијата ќе бидат презентирани пред јавноста. кои беа дел од капиталниот проект на Владата за системски истражувања на просторот околу манастирот.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *