Култура

Скопската чаршија и занаетчиството

Постанокот на Старата чаршија, според пишаните податоци и патеписните белешки на познати патеписци кои минале низ Балканот, а со тоа и во градот Скопје, може да се следи уште од средните векови. Била лоцирана во централното подрачје  на старо Скопје, а го задржала приматот и подоцна со проширувањето на градот на десниот брег на реката Вардар во периодот помеѓу двете светски војни.

Резултат со слика за skopska carsija
Чаршијата  со својата жива активност, овозможувала развој на повеќе занаети, а со тоа и на трговијата. Некои од занаетите, во одредени временски периоди, во зависност од политичките прилики, а и под влијание на самите потрошувачи чија етничка структура се менувала, биле многу развиени и надалеку познати (особено изработката на кожа-кордован во специјални камени корита покрај реката Вардар, волна, жито, восок, тутун, гајтан, срма, свилен конец, везени производи од чоја и др.), додека други поради истите причини стагнирале или сосема пропаднале.
Занаетчиството почнало да назадува уште  кон крајот на 19 век поради навлегувањето на европскиот капитал и евтини индустриски производи, менување на начинот на живот, како и политичките промени на Балканскиот Полуостров.

Резултат со слика за skopska carsija

Поврзана слика

Резултат со слика за скопска чаршија

Резултат со слика за skopska carsija

Резултат со слика за скопска чаршија

Резултат со слика за скопска чаршија

Текстот е преземен од Скопје 24

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *