Култура

Стартува Фестивалот за критичка култура – КРИК

Вечерва, во Кинотека на македонија со проекција на документарниот германски филм „Аустерлиц“ на Сергеј Лозница, стартува Фестивалот за критичка култура – КРИК. Првото издание на Фестивалот е посветено на човековите права. Од 18 до 20 ноември ќе бидат прикажани три филма и ќе се одржи презентација на книгата на Бојан Бабиќ „Што значи да се биде странец?“ во издание на  Готен. Селектор на КРИК е хрватскиот филозоф и публицист Петар Милат.  По вечерашната проекција на „Аустерлиц“ ќе се одржи разговор со Бојан Бабиќ и Никола Гелевски, а модератор ќе биде Роберт Алаѓозовски. Сергеј Лозница последните две – три години важи за големо авторско име на европскиот филм, а „Аустерлиц“, според многумина критичари, е најважниот филм на годинешниот Венециски филмски фестивал.

Фестивалот за критичка култура го организира Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики, во рамки на проектот Проширено естетско образование.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *