Култура

Орхус и Пафос се градови на европската култура во 2017

 Градот Орхус во Данска и  Пафос на југозападниот брег на Кипар се европски градови на културата за 2017 година. Орхус, кој е втор град по големина во Данска и Пафос се здобија со титулата, „Европска престолнина на културата“ во 2017 година, којашто ја преземаа од шпанскиот град Сан Себастијан и полскиот Вроцлав кои во 2016  го славеа европското културно наследство. 
Темата за Орхус – Град на културата 2017 е „Преиспитување“ која, според организаторите, всушност е многу повеќе од само тема. Тоа е ментален склоп. Напреден начин на размислување, за отворено дејствување и мислење, различно и подобро денес од она што сме го имале вчера. Унапредување на развојот на секоја област во општеството која ќе помогне да се обликува заедничка иднина. 

pafos1

  Пафос – Кипар, град на културата за 2017 година

Свеченото отворање на Пафос – Град на културата 2017 е инспирирано од темата „Мит и религија“ и потсетува на Пигмалион и Галатеjа и резултатот на нивната љубов Пафос.  Тој е веќе уметничко дело откога Галатеја беше статуа што оживеа. Главната цел е поставена: враќање на Пафос како град на креативност и културна продукција. Настанот повторно ќе го стави Пафос на културната мапа како место на креативност и перспектива, наведуваат организаторите.
Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на овој проект. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент. Целта е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауератот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година. За изборот решева независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката ја носи четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на Европската унија. Во 2018 година престолнини на културата во Европа ќе бидат холандскиот град Леуварден и главниот град на Малта, Валета, во 2019 – италијанскиот Матера и бугарскиот град Пловдив, во 2020 Риека во Хрватска и Голвеј во Ирска.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *