Култура

Почина За За Габор

Холивудската актерка, со унгарско потекло, За За Габор, починала вчера од срцев удар, на 99-годишна возраст. Кариерата на Габор започнала во 50-те години на минатиот век, со филмовите „Мулен руж”, „Лили”, „Орсон Велс”, „Допирот на злото”. Таа е позната по својот остар унгарски нагласок и по тоа што во своите филмови често се глумеше самата себе, наведуува ДПА. Во последните години од животот и се случија неколку незгоди и здравјето значително и се влошило. Во 2002 преживеа автомобилска несреќа, во 2010 ја скрши бутната коска, а потоа мораше да направи и неколку операции. Жалната вест ја соопшти нејзиниот деветти сопруг, бизнисменот Фредерик фон Анхалт, кој рече дека актерката починала во својот дом, окружена со најблиските.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *