Култура

Промовирана „Британски уметници од колекцијата на Остен“

Публикација „Британски уметници од колекцијата на Остен“, беше промовирана вчера во Британскиот совет во Македонија. Оваа публикација е резултат на соработката меѓу Британскиот совет, галеријата „Остен“ и делегацијата на Европската Унија. Промоцијата беше пропратена со мини-изложба на британски автори, меѓу кои, Хамилтон, Мур, Хрст,  Хаџи-Василева, како дел од публикацијата, потоа Лангтон и Бенскин-Мешер, кои се дел од Биеналето на цртеж – Скопје 2016. 

osten2

Елпида Хаџи-Василева Вродена убавина III, 2010, мембрани од свински желудници на црни основи, 113 x 113 cm

На промоцијата се обратија Елеонора Запрова, директорка на Британски совет во Македонија и Корнелија Конеска, извршна директорка на „Остен“. Повод за оваа соработка е годишнината на Британски совет во Македонија, кој во текот на 2016 година одбележа 20 години од својата работа во Македонија. Наедно, галеријата „Остен“ го одбележува Биеналето на цртеж. .

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *