
За наградите на ДПМ засега конкурираат 75 книги
— 22 декември, 2016На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија, за најуспешни остварувања во 2016 година, пристигнати се 75 дела од 68 автори. Се очекува бројот на книгите да биде поголем со оглед на тоа дека конкурсот е отворен до крајот на декември.
Пристигнатите дела конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите. Високите признанија на ДПМ ќе бидат врачени на 13 февруари идната година, на свеченоста по повод јубилејот 70 години од основањето на македонската писателска асоцијација.
Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, академици, универзитески професори, критичари и есеисти.
Автор:
Слични статии
-
-
-
-
ЕФА: Најдобар европски филм „Уште една рунда“ на Томас Винтерберг
13 декември, 2020
Последни статии
-
Почина Хусто Хорхе Падрон (1943 – 2021)
— 13 април, 2021Почина поетот, есеист и преведувач Хусто Хорхе Падрон, голем пријател на Македонија, како последица од компликации од ковид-19. „Готово е, ја изгубив љубовта на мојот живот, мојот еден и единствен сопруг, мојот животен партнер. После 35 години, 24 часа на ден заедно, проклетиот ковид нѐ раздели засекогаш. Но, ти ветувам љубов моја, дека секогаш ќе се…
-
Антонио Вељаноски, режисер: Не мора да имам политичко членство во Чешка, за да имам работа
— 13 април, 2021Антонио Вељаноски е млад режисер кој живее и работи во Прага, Чешка, веќе 12 години. Завршил на ФАМУ во Прага режија а потоа и монтажа. Во неговата биографија, постои значителна бројка, на некаде 40 филма, од кои и неколку тв серии, на кои работел како режисер или монтажер. Во најскоро време, ако добие средства од…
-
Антонио Вељановски, режисер: Не мора да имам политичко членство во Чешка, за да имам работа
— 12 април, 2021Антонио Вељаноски е млад режисер кој живее и работи во Прага, Чешка, веќе 12 години. Завршил на ФАМУ во Прага режија а потоа и монтажа. Во неговата биографија, постои значителна бројка, на некаде 40 филма, од кои и неколку тв серии, на кои работел како режисер или монтажер. Во најскоро време, ако добие средства од…
-
„Номадленд“ („Nomadland“) на Клои Жао триумфираше на БАФТА во Лондон
— 12 април, 2021„Nomadland“ на кинеската режисерка Клои Жао освои најмногу награди на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) синоќа на церемонијата што се одржа во Лондон без публика поради епидемијата на коронавирусот, пренесоа светските агенции. Освен, секако, филмските sвезди Хју Грант и Пријанка Чопра Џонас кои се појавија лично во лондонскиот „Ројал Алберт хол“ и,…
-
Отворени писма во затворено време
— 12 април, 2021(Кон книгата „Писма од карантин“, рефлексивни епистоли на Димитар Башевски) Димитар Башевски, еден од нашите најистакнати писатели, не само кај нас туку и пошироко афирмиран романсиер, раскажувач, поет, на книжевната публика, сега одново, ѝ предлага една особена книга. Се работи за писма-есеи, објавувани во текот на месеците на пандемијата кога, затрупани од дневните непријатни вести…
-
Цинична историска полемика
— 10 април, 2021(Кон претставата „Одисеја“ во режија ја Анту Ромеро Нуњез. Гл. Томас Нихаус, Пол Шредер, продукција на Талија Театар од Хамбург, Германија) Хомеровиот еп „Одисеја“ е огромно, комплексно дело кое изобилува со настани и е вечна инспирација веќе со илјадници години. Во последно време во театарските адаптации се појавуваат дијаметрално различни концепти на Хомеровите дела (Горан…
-
Меѓународна ликовна изложба „Временските граници не постојат“
— 9 април, 2021Меѓународна ликовна изложба, насловена „Временските граници не постојат“, ќе биде отворена денеска во 13 часот во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје и ќе трае до 19 април. На изложбата ќе бидат изложени дела на чешките уметници Ленка Сарова Малиска, Карел Штаинер и Петра Јовановска. Ликовниот проект е поддржан од Дом на култура „Кочо Рацин“…
-
Централната пошта во Скопје ставена на списокот на најзагрозени споменици во Европа
— 9 април, 2021Централната пошта во Скопје се најде на листата на најзагрозени споменици во Европа за 2021 година. Листата вчера ја објавија Eвропа Ностра – Европскиот глас на граѓанското општество посветено на културното и природно наследство и партнерската организација, Институтот на Европска инвестициoна банка. Изборот е направен врз основа на значењето на наследството и културната вредност на…
Напишете коментар