Култура

15 најголеми бизнис иновации на сите времиња

Пари – 3000 г. п.н.е. 

 Во првите милион години од животот на земјата, продажба значело да се трампаат добра, што значи тие физички да се транспортираат и разменуваат.

pari

Парите, од друга страна, овозможиле да се разменува вредноста на добрата што се тргуваат, наместо самите тие, што направило возможно да биде и продавање на големи количини стоки.

 

abacus2700 г. п.н.е.

Абакус

Парите направиле да бидат можни поголеми финансиски трансакции, што создало потреба за лесно да може да се пресметаат количините на стоки и парите што треба да се разменат. Првиот абакус бил измислен во Сумерија, но достигнал совршенство во Кина.

stock100 г. н.е.

Акции

Првата јавно издадена акција била во Римската република, која што значела дека граѓаните можеле да купуваат акции во приватни компании што обезбедувале владини услуги. Оваа иновација довела до тоа обичните граѓани да учествуваат во растечкото богатство на републиката.

Интересен факт: Првиот крах на берзата се случил набргу по оваа иновација

Kamata27 г. н.е.

Камата

Економската активност стагнирала доколку оние што имаат пари се лимитирани во можноста да ги потрошат. Измислувањето на каматата, заедно со акциите, го претворила Рим во Вол Стрит на своето време.

Интересен факт: Можноста да се позајмуваат пари со камата била круцијална за експанзија на Римската империја.

Bankarstvo1129 г. 

Банкарство

Можноста да се депонираат пари на едно место и да се повлечат на друго, им дозволила на Крстоносците да купуваат храна и оружје во Светата земја, наместо да ги носат од Европа.

Интересен факт: Првите банкари (Темпларите) биле запалени на клада.

dvojno knigovodstvo1494 г. 

Двојно книговодство

 

Ренесансата е позната по изумот на печатарската преса, но поважен за бизнисот е моментот кога претприемачот Лука Пациоли открил како да ги бележи профитот и загубите на истиот лист хартија.

Интересен факт: Формата на корпоративните биланси на успех не се променила многу последниве 500 години.

typewriter1714 г.

Машина за пишување

Овие машини постоеле во различен облик преку 150 години пред да почнат вообичаено да се користат во бизнисот.

Интересен факт: Најдолгиот збор што може да го исчукате на машината користејќи ги само буквите во првиот горен ред е “typewriter” (пишувач на машина)

telegraph1823 г.

Телеграф

 

Информационата ера почнала кога се овозможило брзо пренесување на пораките на далечина.

Интересен факт: Пред да се појави телеграфот, испраќање на порака од источниот до западниот брег на САД одземало најмалку 10 дена.

creditcard11887 г.

Кредитна картичка

 

Новелата “Looking Backward“ ја опишува употребата на “кредитна картичка“ за купување. Меѓутоа, идејата не била целосно применета до 1912 година, кога Western Union почнала да издава платежни картички на своите најдобри муштерии.

Интересен факт: Измамите со кредитни картички биле дури и полоши уште пред да се измисли пластичната картичка.

Evra1894 г.

Минимална плата

Нов Зеланд била првата земја во светот што вовела минимална плата, која што сега постои како категорија во 90% од државите.

Интересен факт: Минималната плата во Австралија е двојно повисока од онаа во САД.

copier1938г. 

Копир машина

Кога физичарот Честер Карлсон го пронашол “процесот на печатење слики“ не можел ни да сонува дека неговата инвенција еден ден ќе биде “виновна“ за сечењето на цели шуми од дрва, од кои се прави хартијата.

Интересен факт: Првиот комерцијален копир апарат Xerox користел микрофилм за печатење, наместо хартија.

e-commerce1972 г. 

E-commerce

Првата продажба на стоки онлајн се случила помеѓу студентите на Стенфорд универзитетот и Масачусетскиот институт за технологија-МИТ, кои го  користеле APARNET, претходникот на Интернет.

Интересен факт: Првата стока продадена онлајн била пакетче марихуана.

Oneplus one1973 г.

Мобилен телефон

 

На времето, кога ќе сте излезеле од канцеларија, ќе сте излезеле од канцеларија. Со овој пронајдок, меѓутоа, во основа сте достапни на сите, во секое време, насекаде. Одморите и викендите после овој изум веќе никогаш не биле исти.

Интересен факт: Од една третина до една половина на сите грабежи инволвираат мобилен телефон.

IBM1981 г.

IBM персонален компјутер

 

По појавата на персоналниот компјутер на IBM, за само една декада речиси секое бизнис биро имало свој компјутер.

 

Интересен факт: Преку една милијарда персонални компјутери денес се користат во светот. А во моментот кога го читате ова, добар дел од нив се уште се користат за играње Тетрис.

ipad_1_wifi_small2010 г.

iPad

Многу компании, вклучувајќи го и Microsoft, се обидоа да направат корисен таблет компјутер во минатото, но iPad  на Apple, е првиот таков обид што всушност се покажа употреблив, и затоа стана многу популарен.

Интересен факт: Apple произведува повеќе iPad-и во моментов одошто бројот на PC компјутери што го прави било кој производител во светот.

Извор:Inovativnost

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *