Култура

Десет години ги водат општините, а сега им текна на загадувањето?!

Седнале овие грујовите  градоначалници ….и заклучиле дека решението за загадувањето во Скопје е да се однесе парно во приградските населби во Скопје за да не се грееле луѓето на дрва, со што се загадува воздухот со 35%, најголем удел во загадувањето…

Еј, 10 години ги водат општините и градот и дури сега им текнало дека требало парно да се однесе… А досега потрошија милијарда евра за споменици, фонтани, фасади, нови владини згради, жичари, кочија со коњи, панорамско тркало итн. И дури сега им текнало за парното и за загадувањето?!

СДСМ воведе автобуси на природен гас уште во 90-тите, но овие копилиња купија нови автобуси на дизел!

Не електрични, не на гас, на дизел?! И сега се чудат зошто е загадено?!

Не изградија метро, ниту трамвај, ниту подземна сообраќајница под центарот на градот за да не се чека на семафори со саати, и сега се чудат зошто е загадено?!

Гасификацијата ја тераат 10 години и ништо од тоа не се гледа?!

Значи, струјата е поскапа, нема метро, нема парно, нема подземна сообраќајница, нема гасификација, нема автобуси на струја или на гас, а потрошени се милијарда евра во Скопје за споменици и будалаштини?!?!

П.С. Зошто сите општини во Скопје не ја прифатија акцијата на Центар за субвенции за точак? Или со тоа ќе признаат дека Андреј има добри идеи? Зошто Скопје да не добиеше 100.000 точаци, макар и без пари?!

Автор:Саше Ивановски

Извор: Мактел

 

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *