Култура

Десет најважни археолошки откритија во 2016 година во светот

Археолоџи – Вашингтон

На прво место, меѓу десе тте најважни археолошки откритија во минатата 2016 година,  е најстариот запис во кој се спомнува Лондон, т.е. „Лондиниум” и датира од првиот век на нашата ера. Во текот на римското владеење со Велика Британија, за пишување биле користени дрвени таблици премачкани со восок и во текот на 2016 година се најдени 400 такви таблици при ископување на темели за новата управна зграда на компанијата Блумберг. Такви дрвени плочки ретко се зачувани, а оваа колекција преживеала бидејќи била изолирана во дупка близу вода и без присуство на кислород, а меѓу нив е и оваа која настанала околу 50-та година во првиот век и на која јасно може да се прочита името на градот. Бидејќи Лондон е основан околу почетокот на првиот век на плочите постојат и првите податоци за новиот град.

Истражувачите во северозападна Камбоџа скенирале со ласер од воздух 900 квадратни милји од воздух каде сега се густи шуми и откриле дека тој регион околу храмовите Ангкор Вата и Ангкор Тома бил густо населен. Тоа биле седишта на локални управи во рамки на пространото Кмерско Царство, чии планови се многу слични на населба непосредно покрај прочуениот храм Ангкор Ват, а тоа значи дека имале квартовим канали и мистериозни гробови. Ова е прва потврда дека во Кмерското Царство постоеле значајни градови во 10 и 11 век.

За историјата на Атина повеќе се знае од пишани извори отколку што се зачувани материјални траги и затоа е многу значајно откритието на масовна гробница од седмиот век пред новата ера, во која се најдени 80 машки скелети кои биле поврзани со ланци. Гробот е сведоштво за судирите меѓу велепоседниците и граѓаните на Атина кои се залагале за република. Дека се работи за погубување сведочат удари со исти тапи предмети по черепите на бунтовниците кои барале да се укине тиранијата и да се воспостави републиканска власт.

Дека Египет се уште е непресушна ризница за археолозите, најдобра потврда е кошула или мини фустан за која е утврдено со помош на радиоактивен јаглерод дека е стар најмалку 100 години пред новата ера.Многу фино ткаената памучна облека е најдена во градот Таркхан и чудо е што опстанала во толку добра состојба толку долго време и денес важи за најстар предмет од облека со таков квалитет и толку добро скроена.

Неколку стотици метри од влезот во пештерата Бруникел во северозападна Франција пред неколку години се најдени камени кругови направени од искршени сталактити. Тогаш на тие необјаснети кругови е одредена старост од 47.000 години но минатата година уртаниумско-ториумското датирање на сталактитот покажало дека тие се поставени пред 176.000 години. Бидејќи во тој регион толку одамна живееле само Неандерталци, тоа значи дека само тие можеле да ги соберат камењата и сталактитите и да ги направат тие кругови. Изработката на круговите барала колективно ангажирање, но досега не е најдена причина за нивната изградба.

Улогата на жените во древните култури во последните години привлекува се поголемо внимание и затоа  археолозите во Перу биле пријатно изненадени кога нашле гроб на некоја угледна жена стар 4.600 години. На сајтот Асперо најден е женски гроб на скелет украсен со школки од многу редок вид кои се донесени од оддалеченост од неколку стотици милји на северниот дел на Перу. Облеката била украсена со фигурички на птици и амазонски мајмуни изработени од коски. На локалитетот се најдени фигурини на жени од глина од истиот период што покажува дека жените имале значајна улога во таа рана заедница.

На брегот на езерото Туркан во Кенија најдени се коски на 27 мажи кои пред 10.000 години едноставно биле масакрирани од непознати причини. Тоа покажува дека и без објава на војни, кои биле водени околу територии, постоеле судири меѓу племињата за кои не се знаеле причините.

На малиот остров Мона во близина на брегот на Порторико локалното население украсило една пештера со цртежи на своите божества. Во една од пештерите покрај цртеж од 10-от и 11-от век, најдени се цртежи на крстови и записи од Библијата на латински јазик, кои ги оставиле првите Шпанци кои во 16-ти век стигнале на тој остров. Експертите сметаат дека тоа е неспорен доказ дека двете цивилизации биле подготвени да живеат една покрај друга, а дури подоцна дошло до судири и нетрпеливост.

Во близината на островот Антикитер во Егејското Море, пред неколку години се најдени остатоци од потонат брод од 65-та година пред новата ера, кој имал многу богато карго. Изминатото лето првпат на потонатиот брод е најден човечки скелет, што е исклучително редок случај кога се во прашање потонати бродови. Научниците се надеваат дека ќе го утврдат потеклото на овој морнар кој веројатно бил во една од кабините кога потонал бродот и така таму останал заробен.

Сочувани се околу 1.000 официјални документи поврзани за познатото судење на вештерките од Салем, Масачусетс – САД, во 17-от век, но во ниту еден не се наведува местото каде 19 осуденички биле обесени. Сега конечно е утврдено местото каде биле поставени бесилките, но нема траги на покојните. Се верува дека роднините на обесените од 1692 до 1963 година доаѓале во текот на ноќите и покојните ги носеле до семејните гробници.

Извор: а1.оn.mk

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *