Култура

„Кога денот немаше име“ премиерно на „Берлинскиот филмски фестивал“

Новиот македонски филм „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска во продукција на „Сестри и Брат Митевски“ премиерно ќе биде прикажан на Берлински филмски фестивал, како дел од програмата Панорама. Буџетот на филмот е 1,1 милион евра, филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија со 500 илјади евра и од Еуроимаж, а како копродуценти на филмот се продукциите од Словенија „Вертиго“ и „Ентре Шиен е Луп“ од Белгија, Самото учество на овој филм на Берлинскиот филмски фестивал е голем успех за филмот, бидејќи конкурираат над 10.000 филмови, а само од регионот има повеќе од стотина филма. 

„На фестивалот покрај режисерката и продуцентката Митевски, сценаристката Елма Татарагиќ ќе присуствуваат и шесте млади главни актери- натуршчици во филмот: Леон Ристов, Ханис Багашов, Стефан Китановиќ, Игорчо Постолов, Драган Мишевски и Иван Вртев Шоптрајанов“, додаде продуцентка, истакнувајќи дека натуршчиците поминале многу тежок процес на кастинг од три месеци и со над 400 пријавени млади луѓе за шесте улоги. Покрај нив во филмот настапуваат и актерките Ратка Радмановиќ, Николина Кујача, Ана Косотовска и Лабина Митевска, а за првпат на филмското платно се појавуваат и Петрунија Киселички, Инес Ходич. „Кога денот немаше име” е снимен од француската кинематограферка Агнес Годар, сценограф е Вук Митевски, а костимите се на словенката Моника Лорбер. Приказната во филмот ја носат шест тинејџери, а нивната ноќ на луда забава е одбележана со несреќна посета на тинејџерка проститутка која се претвора во ненадеен конфликт.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *