Култура

Од што треба да се откажеш, ако сакаш да напредуваш

Во оној момент кога ќе се откажеш од погрешните, на вистинските работи им даваш шанса да влезат во твојот живот.  Нашето утре зависи од нашето денес – од она што денеска ќе го направиме. Притоа, треба да го сфатиме принципот на „помалку значи повеќе“. Бидејќи, иако активностите и делувањата се пожелни и се неопходни за успех и промени, денес доаѓаме до една друга крајност. На секој чекор ни продаваат некои „нови начини“, ни подметнуваат „агресивни акции“, ни наметнуваат култура на постојано започнување. Така што, некогаш добронамерните совети како, „земи уште“, „пробај повеќе“ или „почни ова“ попримаат аура на чудотворен лек – панацеа.

Менталитетот на „повеќе е подобро“ продолжува да меле, се повеќе од нас веруваат во заблудата дека до најдобрата верзија на себе се доаѓа со стекнување на уште една нова навика, особина и во веќе пренатрупаните умови буткаме уште една нова техника.  Ние се трудиме, но нема место, дојдено е до заситување.

Затоа треба да се применува принципот на „помалку е повеќе“. Најголемата промена во животот не ја прави она што го започнуваме, туку она што ќе претстанеме да го работиме. Не она што сме го уфрлиле, туку она  што сме го исфрлиле, она од што сме се откажале. Пробајте да замислите што се ќе стекнете кога би се откажале од:

Дружење со погрешни луѓе

Внимателно треба да се бира друштвото. Не треба да се троши нашето внимание на оние кои во тебе гледаат само просечност. Твоето внимание е подарок и подари го на оние коишто тоа го ценат и те прифаќаат, тие тоа го заслужуваат. Кој не го прифаќа она најлошото кај тебе, не го заслужува ни твоето најдобро.

Запомни: Дозволи си себеси да ја осетиш љубовта на оние кои вистински те сакаат. Бидејќи тие се тука и биле тука додека си трчал по небитни луѓе. Биле тука додека си молел за трошка внимание коешто не сакале да ти го пружат. Биле тука додека сме пателе и ќе бидат среќни ако им се вратиме. Откажи се од „просење“ и сврти се кон вистинските луѓе.

Лажење на самите себе

Биди кон себеси искрен. Човек кој себеси се лаже и верува во тоа, најпосле ја губи способноста да ја разликува вистината во себе од вистината околу себе. Таквиот човек го губи почитувањето кон себеси и кон сите останати. И на крајот немајќи почитување престанува да сака. Лесно е да се излажеш себеси и тешко е да ја признаеш вистината. Таквите вистини најмногу болат, но истовремено и најмногу помагаат.

Запомни: Првиот чекор кон исполнет живот е искреност спрема себе. Така се стекнува интегритет, така се гради самопочитување и се негува самодоверба. Бидејќи, прво си искрен кон себем а потоа кон останатите, прво си верен себеси а потоа кон другите. Се почнува од тебе и се завршува со тебе. Вети си нешто себеси а потоа исполни го. Едноставно е.

Бегање од проблемите

Од проблемите не се бега, туку со нив се соочуваш , без страв. Тоа не е лесно, но соочи се со нив, додека времето е на твоја страна. Знај дека тие нема да исчезнат само затоа што ги игнорираш, туку напротив, со тек на време ќе станат поголеми, поопасни и потешки. Твоето бегање им годи и на крајот толку ќе пораснат што, сакал или не, ќе бидеш принуден да им погледаш во очи. А тогаш ќе ти биде многу потешко. Затоа превземи иницијатива додека се уште мали, а времето и изборот се на твоја страна.

Запомни: сите имаме проблеми, на сите ни се доделени како жиг на животот. Прифати ги и однесувај се кон нив како кон предизвици, како етапи на развојот и созревањето. Тие се тука за да те научат, да те направат подобар, а ти си тука за да ги надминеш. Соочи се со нив, ке сфатиш дека не се страшни како што мислиш.

Претварање

Еден од најголемите предизвици е да се остане единствен, во свет кој упорно те тера да бидеш како останатите. Биди свесен за своите посебности и својата единственост. Не споредувај се со другите, бидејќи секогаш ќе се најде некој кој е позгоден, поубав, попаметен, помлад, посилен…  од тебе. Но никој нема да биде како тебе. Не претворај се и не менувај се за да се допаднеш. Биди тоа што си, бидејќи таков си најдобар. Работи на себе, но поради себе. Во тебе е целата убавина на овој свет, прифати ја и уживај во неа.

Запомни: Немој да мислиш дека си многу добра личност само затоа што се претвораш и ја сокриваш својата суштина, чувства и мисли за да угодиш на останатите. Тоа го прават лажговци и фолиранти. Секогаш е подобро но и почесно, да те мразат поради она што си, отколку да те сакаат поради она што не си.

Живот во минатото

Што било-поминало. Научи да простиш и продолжи понатаму.

Минатото знае да залаже, да те фати во негова мрежа и да те успие. Минатото знае да те задржи во место и да те зароби со мислите за порази, грешки и паѓања. Но биди силен и мудар. Минатото не те дефинира како личност, како што ниту твоите порази не значат дека си роден губитник. И двете се тука за да те научат и да те усмерат на нов пат.

Запомни: Колку и да е силно, минатото нема моќ над сегашноста. Се што се случило, морало да се случи. Вчерашност не постои, утре не се брои, се има само денес, па затоа и денес живеј. Тоа денес е само твое и зависи од тебе.

Страв од грешки

Да кажеш „погрешив“ е многу почесно отколку да кажеш „не се ни обидов“. Преко трња до ѕвезди, преко порази до победа. Успехот е создаден од неуспехот. На крајот повеќе ќе зажалиш за она што не си, отколку за она што си го направил. Охрабри се, направи го и не жали. Па што биде, биде. Ко паднеш, стани и обиди се повторно. Тоа е смислата на животот. Грешката останува грешка само ако одбиеш да науќиш од неа. Ти ја имаш моќта секоја грешка да ја претвориш во лекција.

Запомни: живееш така што раснеш, а раснеш така што се менуваш. Се менуваш така што учиш, а учиш така што грешиш. Секоја препрека го крие патот во себе, секој пораз го носи семето на нова можност и секоја грешка нуди вредна лекција. Некогаш многу добро во несреќата ќе се скрие благослов, и мудро чека да го пронајдеш. Па затоа, греши и барај, барај и греши.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *