Култура

Промовирани 20 изданија од областа на културното и природното наследство

Нови дваесет изданија од владиниот книжевен проект „Најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство на Република Македонија“ што се реализира преку Управата за заштита на културното наследство, беа промовирани  во Археолошкиот музеј на Македонија.

Станува збор за десет публикации на англиски јазик кои се издадени и на македонски: „Црквата Св.Пантелејмон во Нерези“, „Манастирот Зрзе“, „Висока и Старо Бонче“, „Шарената џамија во Тетово“, „Скупи“, „Скопско Кале“, „Стибера“, „Хераклеја Линкестис“, „Тетовско кале“ и „Цареви кули“, како и десет наслови преведени на англиски јазик: „Античкото кралство Македонија и Република Македонија“, „Свети Ѓорѓи во Курбиново“, „Света Богородица во село Матејче“, „Света Богородица Елејуса во село Велјуса“, „Керамичките релјефни плочи од Виница“, „Манастирот Трескавец“, „Тумба Маџари“, „Таор“, „Баргала“ и „Маркови кули во Прилеп“.

Едицијата на „Најзначајните вредности од областа на културното и природното наследство на Република Македонија“, предвидува печатење на 130 научно популарни публикации кои ги прикажуваат најзначајните археолошки локалитети, сакрални објекти и природни богатства на македонската почва, а треба да биде завршена до крајот на 2018 година.

Vrednosti_640_-1

Промовирани беа и 250 различни сувенири со приказни од македонското културно историско наследство, нови мотиви од македонското етно село и македонските градови, приказни на македонските војводи, чаши со различни апликации, чадори, сложувалки, магнети, карти и други предмети кои може да се купат  во двесет мали монтажни објекти-сувернирници, наменски поставени на сите фреквентни и атрактивни локации на територијата на целата држава, на граничните премини и во популарните туристички центри.

Промоцијата на овие публикации несомнено повторно ги потврдува  заложбите за промоција и афирмација на богатото културно наследство кое го поседуваме како држава, истакна е министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на промоцијата. Таа шптенцираше дека се спроведени низа археолошки истражувања на територијата на целата држава кои резултираа со преку 800 илјади пронајдени артефакти кои се аргументи за нашето траење во историски контекст. Таа потсети дека раскошната оставнина на Македонија беше презентирана и пред меѓународната јавност во Ултрехт, Холандија, музеите Марие Монт во Белгија, Виторијано во Италија, во ватиканските музеи и во Келтско-римскикот музеј во Манхинг, Германија.

Vrednosti_640_-9

 

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *