Култура

Уметноста што се спротивставува на сите калапи

Дали уметнички дела што се спротивставуваат на сите калапи се аутсајдери во војна со традицијата? Ако и се, со уметноста секако не се во војна.

Новото име за оваа уметност е „nobrow“, што значи излегување од дихотомијата на висока и ниска уметност – „high brow“ и „low brow“.

Многу тешко е да се дефинира аутсајдерската уметност. Според овој принцип, под овој именител може да се класифицираат сите изрази кои се надвор од актуелните поетики на еден одреден момент: Од Русо Цариникот, колекцијата на Дибифе на уметноста на ментално болните пациенти во Лозана, народната односно селската уметност на чиишто потенцијали предупредуваше уште Кандински, па сè до графити уметноста во сите нејзини варијации.

Како една од карактеристиките на аутсајдерската уметност честопати се наведува нејзината вонинституционалност, но ништо не може да биде подалеку од вистината. Сите овие уметници и движења многу брзо влегоа во големите музеи или востановија свои парадигми и развиени уметнички сцени. Идејата дека некој е аутсајдер се заснова врз митот за праволиниската еволуција на класичната историја на уметноста, која се движи од откривањето на ренесансната линеарна перспектива, па сè до концептуалното расплинување на делото во мисловен комплекс. Сепак, уметноста не ги знае тие школски формули, па затоа и ги отфрла сите овие совршено уредени системи.

Брехт Ванденбрук

Поп-арт и стрип

Надвор од што се, всушност, аутсајдерите? Надвор од институциите сигурно не. Можеби од традицијата? Само ако веруваме дека западната традиција на уметноста е една и единствена, а и тогаш само ако игнорираме некои нејзини суштински делови, како што се применетата уметност, стрипот, или изразите на народната уметност, како и сето она штоМихаил Бахтин го нарекол поетика на карневалот. Важен дел од аутсајдерската традиција е и поп-артот, како и голем број истакнати уметници кои го користат искуството на илустрациите и стриповите (Дејвид Хокни, Филип Гастон, Јерг Имендорф или Џон Карин) Академско образование (односно неговото отсуство), исто така не може да биде основа за дефинирање на аутсајдерот, бидејќи сега за аутсајдери се сметаат различни уметници, без оглед на нивното образование. Оваа уметност, сè почесто се нарекува „nobrow“ што значи излез од дихотомијата на висока и ниска уметност.

Нагласен цртеж

Најновите тенденции на ова творештво се карактеризираат со инсистирање на наглесениот цртеж и свртување кон илустрацијата која е длабоко обележана со личен стил. Делата на новите „nobrow“ уметниците содржат во себе некое надреално поместување, тоа е понекогаш смешно, а понекогаш е застрашувачко, мрачно и дегутантно. Меѓу овие автори се истакнува белгискот уметник Брехт Еванс (на некој начин наследник на Георг Грос) кој работи тегобни, вознемирувачки, динамични и колористички живи сцени од големите градови. Други актуелни автори се и Брехт Ванденбрук, Марија Мелеро, Ангела Далингер, Хоан Корнела, Нејт Ото, Џим Етер. Првенствено преку цртеж, тие создаваат рамни површини и едноставна, сирова фигурација.

Хоан Корнела

Ова укажува на непосредност, впечаток на недоработеност и ноншалантност, но на некој начин, се и побуна против конвенционалните правила на ликовноста.
За нив може да се користи акронимот што Дарко Главан го најде во зборот „Панк“ во насловот на својата книга за овој музички правец, а што би значело – целосно, навредливо негирање на класиката.

Со нас, во Хрватска носители на „nobrow“ поетикатата се припадници на различни генерации. Тоа се гастарбајтерскиот циклус на Драгутин Трумбеташ, како и списанието „Komikaze“, потоа опусите на Игор Хофбауер, Дубравка Матаковиќ, Мира Жупа, Винко Бариќ, Мирослав Секулиќ Струја или Мирон Милиќ. Нивните дела се често надреални и гротескни, а понекогаш и безнадежно и брутални социјално реалистични, тие градат специфични атмосфери и деформации на светот: покажуваат нарација без нарација и извонредна вештина без вештини.

Есеј од Сузан Сонтаг

Уште во 1965 година, Сузан Сонтаг (во својот есеј „Една култура и новиот сензибилитет“) посочи дека сè потешко може да се направи разлика во естетското искуство на високо и ниско ниво на култура. Креативноста и угледот на овие уметници тоа го докажуваат, а институциите, како и досега, постојано на новите појави им ги ги прилагодуваат своите официјални парадигма на современост и на авангарднст. Бројни и разновидни се поетиките на таканаречените аутсајдери, а се неопходни за разбирање на целокупната слика за уметноста денес.

Автор:Феѓа Гавриловиќ
Извор: Jutarnji list

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *