Култура

Kавадарчани се гушат со ПМ 10 честички 18 дена по ред

Висока е концентрацијата на ПМ 10 честичките во Кавадарци и понатаму. Во континуитет од 18 дена кавадарчани дишат загаден воздух, покажуваат резултатите од мерната станица за квалитетот на воздухот поставена од Министерството за животна средина и просторно планирање. И понатаму Кавадарци е на врвот по загаден воздух во Република Македонија.

Граѓаните се загрижени за своето здравје и негодуваат преку социјалните мрежи. Тие бараат надлежните да превземат мерки кои ќе придонесат за намалување на нивото на ПМ10, а институциите, пак, бараат граѓаните да се воздржат од употреба на секакви отпадоци за затоплување на домовите.

184 микрограмни на метар кубен беа измерени денеска претпладне. Тоа е неколку пати над дозволените 50 мг/м3.

Лекарите алармираат дека загадениот воздух е причина за бројни и тешки заболувања кои се јавуваат кај човекот, бидејќи честичките во воздухот со големина помала од 10 микрометри се лесни за вдишувања. Се апелира граѓаните без поголема потреба да не излегуваат надвор.

Општина Кавадарци за во среда  од 12 часот закажа јавна расправа на тема:  „Состојби и можни решенија за надминување на проблемот со сезонското загадување на воздухот со ПМ 10 честички“. Поканети се сите заинтересирани граѓани и невладини организации да се вклучат во расправата.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *