Култура

„Оскари“ – манифестација каде спонтаноста е глума

Најпосле на „Оскарите“ видовме спонтаност и возбуда надвор од сценариото, во моментот кога се направи грешка во прогласувањето за најдобар филм. Ете, можеби ова 89.издание ќе се памети во оваа грешка која излезе малку од контрола, каде и спонтаноста е извежбана за да изгледа спонтано, манифестацијаа што трае долго и станува досадна за што зборува и паѓање на гледаноста. Имено, Феј Данавеј и Ворен Бити по грешка го прогласија „Ла Ла Ленд“ за најдобар филм. И додека режисерот Демиен Шазел и тимот ги држеја говорите и славеа, нивниот продуцент Џастин Хоровиц ги прекина, велејќи им дека дошло до грешка и оти „Месечина“ е најдобар филм. Ворен Бити потоа додаде дека го добил ковертот со името на Ема Стоун и филмот „Ла ла ленд“, па се збуни и накусо запре, подавајќи и го на Феј ковертот за таа да го прочита добитникот. До забуната дошло поради тоа што за секој добитник постојат по два коверти, па на Бити и на Данавеј им бил даден оној за најдобра главна глумица, а не за филм. Режисерот Бери Џенкинс и тимот од „Месечина“ прво не можеа да веруваат што се случува, но на крајот, како што Џенкинс рече, се испадна „полудо отколку во најлудите соништа“.

Инаку мјузиклот „Ла ла ленд“, беше номиниран во 14 категории а освои шест Оскари: за режија, главна женска улога, фотографија, музика, песна и сценографија. , но филмот „Месечина“ е прогласен за најдобар филм.

„Месечина“ е драма за црното момче, која го следи неговиот живот во три периоди освои вкупно три „Оскари“: за филм, споредна машка улога, која му припадна на Махершал Али и за адаптирано сценарио. По две награди зедоа филмовите „Манчестер покрај море“ за главен актер и за оригинално сценарио, а „Гребенот на спасот“ за монтажа и микс на звук.
Дејмиен Шазел (32) стана најмладиот режисер во историјата кој е награден со оскар.
Ема Стоун доби „Оскар“ за најдобра женска улога во „Ла ла ленд“. додека наградата за најдобра машка улога ја доби Кејси Афлек за филмот „Манчестер на море“. Во овој филм тој остварува вонсериската глума во оваа тешка драма. На „Манчестер на море“ му припадна и наградата за најдобро оригинално сценарио на Кенет Лонерган, на кого ова му беше трета номинација за сценарио.

Наградата за женска споредна улога не донесе изненадување, напротив, се очекуваше дека тука ќе триумфира моќната Виола Дејвис, која игра покрај Дензел Вашингтон во драмата „Огради“, каде тој се потпишува и како режисер.
Награда за најдобар странски филм доби „Трговски патник“ на Асгар Фархади, режисерот кој не сакаше да допатува во Америка за предоскаровските случувања ниту да присуствува на доделувањето на наградите, поради забраната за влез во САД на државјаните на шест муслимански држави. Подоцна таа забрана беше суспендирана од страна на Врховниот суд.
Пораката на Фархади ја прочита американска инженерка, по потекло од Ирак Ануше Ансари.
„Голема чест ми е што ја добивам оваа награда по вторпат. жал ми што вечерва не сум со вас. Моето отсуство е знак на почитување кон луѓето од мојата и уште шест земји кои се понижени со нечовечкиот закон за забрана на влез на имигранти во САД. Поделбата на светот на категории „ние“ и „нашите непријатели“ создава страв. Тоа е лажно опрадување на агресија и војна. Тие војни ги спречуваат демократијата и човековите права во земјите кои се и самите жртви на агресија, истакна меѓу другото Фархади.

Најдобар документарен филм е „O.J: Made in America“, кој трае речиси осум часови, а е дело на режисерот Езра Еделман, а се однесува на О. Џеј Симпсон, поранешна рагби ѕвезда. Најдобар анимиран филм е „Зоотопија“..

Слични статии