Култура

Познатиот режисер, Педро Алмодовар – претседател на Филмскиот фестивал во Кан

Шпанскиот режисер, Педро Алмодовар ќе биде претседател на жирито на 70. Меѓународен филмски фестивал во Кан, соопштија организаторите на таа филмска смотра која ќе биде одржана од 17 до 28 мај.– Чест ми е да бидам на толку привилегирано место за 70-тото издание на Канскиот фестивал – рекол 67-годишниот Алмодовар.  Шпанскиот режисер бил член на жирито на фестивалот во 1992 година, кога претседавал францускиот актер Жерар Депардје. Алмодовар, иако неговите филмови биле пет пати во конкуренција за Златна палма, никогаш не освоил награда на Канскиот фестивал. Се прослави со филмовите , „Зборувај и’“ „Матадор“, „Жени на раб на нервен слом“, „Високи потпетици“, „Се за мојата мајка“, овенчан е за Оскар за најдобар странски филм, како и со „Зборувај со неа“ за кого доби втор Оскар, за најдобро оригинално сценарио. Организаторите на фестивалот во средината на април ќе го соопштат списокот на членовите на жирито.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *