Култура

Не ја фрлајте пепелта од вашите печки за греење, еве и зошто!

Доколку се греете на дрва, во никој случај не го фрлајте овој корисен продуклт од согорувањето. Пепелта добиена од огревно дрво е корисно и може да се употреби за повеќе намени.

Земјоделците знаат многу добро дека пепелта ја збогатува почвата во која се садат или сеат различни култури. Пепелта го подобрува квалитетот на почвата и ја хранаи со минаерали. Особено е добра за одгледување на култури кои бараат повеќе калциум како што се доматот, спанаќот, лукот, од цвеќињата се ружите. 

Исто така, кога ќе ја помешате пепелта со водата и ја оставите да отстои неколку дена, сте добиле смеса којашто е одлична за чистење на облека, под, сребро, рѓосани површини. Погуста варијанта од пепел и вода во вид на паста може да ги отстрани флеките од мебелот. Пепелта добро ги апсорбира мирисите во станот но и во фрижидерот и делува исто како киселина која треба да ја апсорбира непријатната миризба од фрижидерот. Корисно е по ќошињата да истурите пепел и на тој начин ќе се отатасите од глувци, бубашваби и други штеточини.

Пепелта може да помогне во чистење на вашите домашни миленици од болви. Направите паста од пепел и оцет и намачкајте ги животните. После овок третман следи бањање. Некои штеточини, различни инсекти, полжави, не ја поднесуваат пепелта. Ако сакате да се ослободите од мравки, посолете малку пепел во мравјалникот и тие ќе си заминат.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *