Култура

Најголемата инсталација на кинескиот уметник Аи Веивеи отворена во Прага

Како и неговите претходни дела, и неговата последна инсталација на кинескиот уметник и активист Аи Веивеи е посветена на бегалците. Неговата најголема инсталација досега е претставена на изложбата во Националната галерија во Прага.  Во средата, во Националната галерија во Прага, беше отворена првата самостојна изложба на кинескиот уметник и дисидент Аи Веивеи во Чешка. Изложбата е насловена „Закон на патувањето“ и ќе трае до 7 јануари 2018 година. Инсталацијата се состои од 70 метри долг гумен чамец со 258 предимензионирани фигури без лица.

Музејот ја опишува изложба како „повеќеслојна, епска изјава за човечката состојба: уметникот изразува емпатија и морална загриженост во лицето на континуираното, неконтролирано уништување и крвопролевање“.

Светски познатиот кинески уметник и дисидент, во последниот негов период реализираше многу впечатливи инсталации инспирирани од судбината на мигрантите. Така. Аи Веивеи и е познат на нашата јавност кога минатата година донесе бело пијано во кампот за бегалци „Идомени“ кога во него престојуваа над 10 илјади бегалци, на македонско – грчката граница. Пијаното било поставено сред калта и на дожд, за младата сириска бегалка да може да свири прв пат после три години. Исто така неговата уметничка инсталација во Берлин, се состоеше во покривање на столбовите на познатата концертна зграда „Концертхаус“. Познатиот 58-годишен уметник употреби 14.000 портокалови спасувачки елеци  за покривање на столбовите. 

Локацијата на оваа изложбата, исто така, има сопствен мрачен историски долг: Во текот на Втората светска војна, зградата на Националната галерија во Прага служела како собирен центар за Евреите пред нивното депортирање во концентрациониот логор во Терезин, во периодот меѓу 1939 и1941 година.  Тој, исто така, целата измината година ја помина посетувајќи околу 40 бегалски кампови и премини – во САД, Мексико и турско-сириската граница, каде го снимаше документарниот филм „Human Flow“. Филмот премиерно ќе биде прикажан во текот на летото, 2017 година.


„Нема бегалска криза, има криза на човештвото… Во справувањето со бегалците изгубивме многу основни вредности“, рече Аи на отворањето на изложбата во Прага.

Кинескиот уметник во моментов живее во Берлин, а има студио и во Пекинг.

Извор: Deutsche Welle

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *