Култура

60 моќни фотографии на жени што протестираат

Живееме во свет во кој жените сè уште се недоволно застапени во изборната политика, што значи дека треба да се бориме двапати повеќе за да бидат слушнати нашите гласови.

Според Обединетите Нации, само 22 отсто од пратениците во светот се жени. До август 2016 година, 21 жена била шеф на држава или премиерка, а од јануари 2015 година, само 17 отсто од министрите во владите се жени.

Сепак, кога станува збор за политичките движења, жените се таму, правејќи сè да бидат слушнати. Од американските жени кои во Вашингтон ги преплавија уллиците протестирајќи против полициската бруталност кон пакистанските жени, до протестите против угнетувачки острите мерки на безбедност, овие жени се сила на која може да се смета.

Во чест на Меѓународниот ден на жената на 8 Март, ви прикажуваме емоционални и моќни фотографии од жени што се организираа и протестираа низ целиот свет во изминатите 25 години. Ова се 60 фотографии кои покажуваат колку моќна и способна може да биде жената со став.

1. Турција 2015

За време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата на плоштадот Таксим во Истанбул, на антивладините протести се покажуваше знакот за победа. На 22 јуни, 2013 година, турската полиција употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои одново се собраа на истанбулскиот плоштад Таксим, барајќи оставка од премиерот Реџеп Таип Ердоган.

2. Франција 2015

Полицајците држат топлес- активистка на Фемен откако таа скокна кон предниот дел на автомобилот во кој беше поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс-Кан, при неговото пристигнување на судењето во Лил, северна Франција, на 10 февруари, 2015 година. Три топлес жени од протестната група Фемен скокнаа на автомобилот на Строс-Кан кога пристигна да сведочи на суд за „обид за подведување“. Со пароли испишани на нивните полуголи тела и извикувајќи навреди, трите демонстрантки беа брзо блокирани од полицијата.

3. Македонија 2015

На 1 декември 2015 година, во близина на Гевгелија мигрантите протестираа зад оградата против забраната за премин на грчко-македонската граница. Тогаш Македонија им дозволи преминување кон северниот дел на Европа само на Сиријците, Ирачаните и Авганистанците кои се сметаат за воени бегалци. Сите други националности се сметаат економски мигранти и им беше речено да се вратат назад. На 29 ноември, Македонија ја заврши изградбата на оградата на својата граница со Грција и стана последната во редот земји во Европа, што со препрека на границата го контролира протокот на емигранти.

4. Индија, 2007

Жените од Кашмир извикуваат анти-индиски слогани на протестот против апсењето на една девојка од страна на паравоените единици за време на рацијата во Малура на периферијата од Сринагар. На 9 август 2007 година паравојниците употребија солзавец за да ги растераат стотиците лути демонстранти што протестираа против апсењето.

5. САД, 2014

Жена на устата има слоган „Правда за сите“, на маршот на 13 декември, 2014 година во Вашингтон. Илјадници луѓе дојдоа во Вашингтон за да бараат правда за Афроамериканецот кој умре во рацете на белата полиција.

6. Франција, 2015

Топлес активистки на Фемен изведуваат нацистички поздрав, а на балконот каде што стојат се поставени знамиња на кои пишува „Хајл Ле Пен“, како знак на протест против политичката партија на екстремната десница „Национален фронт“ (ФН). Протестот е за време на митингот на ФН, во чест на Јованка Орлеанка, кој се одржува под овој балкон, на 1 мај 2015 година, во Париз.

7. Хондурас, 2009

Поддржувачите на соборениот претседател на Хондурас, Мануел Зелаја, маршираат во знак на протест против воениот удар, во Тегусигалпа на 2 јули, 2009 година. Водачите на државниот удар во Хондурас се заканија дека соборениот претседател Мануел Зелаја „никогаш нема да се врати на власт“ и покрај зголемениот меѓународен притисок и ултиматумот од САД.

8. Јужна Кореја, 2015

Една жена седи пред полицијата и го блокира патот за да ги заштити демонстрантите за време на антивладиниот протест на 24 април 2015 година во Сеул, Јужна Кореја. Кореанската конфедерација на синдикати (KCTU) почна со генерален штрајк против политиката на владата на Јужна Кореја, односно реформата на пазарот на трудот и јавниот пензиски систем. На протестот се приклучија и други граѓански групи од Сеул.

9. Индија, 2013

Махила Морча од партијата БЈП протестира пред резиденцијата на министер во Делхи заради неуспехот на владата на Њу Делхи. Протестот се одржа на 8 октомври, 2013 година во Њу Делхи, Индија. На 4 декември ќе се одржат избори за собранието на главниот град на државата, над 11,5 милиони гласачи ќе гласаат во 70 изборни единици.

 

11. Кина, 2009

Етнички Ујгур жени гневно зграбија полицаец на протестот во Урумки, во западниот дел на Ксинџијанг провинција на Кина, на 7 јули, 2009 година. Кога центарот го зафати хаос, во градот расцепен од етничките тензии, полицијата употреби облаци солзавец да ги растера илјадниците демонстранти, Хан Кинези, вооружени со импровизирано оружје. Илјадници силно вооружени полицајци беа распоредени низ Урумчи, главниот град на кинескиот далечен северозападен регион Ксинџијанг. Тензиите драматично ескалираа следниот викенд и во немирите загинаа најмалку 156 луѓе.

12. Велика Британија, 2012

Жени со испишани провокативни зборови на нивните тела учествуваат во „маршот на курвите“ во Лондон, на 22 септември, 2012 година, во знак на протест против одбивањето да се спроведе правда за жртвите на силување од страна на полицијата и судовите.

 

14. Пакистан, 2010

Пакистански демонстранти од Лајари, сиромашна населба во градот, извикуваат антивладини пароли во знак на протест против операцијата предводена од безбедносните агенции во нивната област, во Карачи на 11 јануари 2010 година. Илјадници луѓе излегоа на улиците на финансискиот главен град на Пакистан, Карачи, да протестираат против острите безбедносни мерки, по смртта на десетици луѓе во еден бран на политичко насилство. Претставници на безбедносни сили тврдат дека 48 членови на политички партии биле убиени во Карачи, од 7 јануари, кога било пронајдено телото без глава на припадник на главната политичка партија во градот, (MQM).

15. Бразил, 2007

Полицаец вперува митралез кон жена на протестот заради убиен човек во престрелка на полицијата и осомничени шверцери на дрога во сиромашниот кварт Комплексо де Алемао во Рио де Жанеиро, 13 февруари 2007 година. Насилството се случува пред карневалските прослави во градот. Рио е еден од најнасилните градови во светот со годишна стапка на убиства од околу 50 на 100.000.
16. Бразил, 1992

Жените бараат импичмент на бразилскиот претседател Фернандо Колор де Мело, за време на антипретседателските студентски демонстрации во предградието Такватинга, 20 километри од Бразилија, кои се одржаа на 25 август. Според извештајот на Конгресот од 24 август 1992 година, Колор е обвинет за масовна корупција.

17. Индија, 2015

Муслимански жени извикуваат анти-индиски, про-Кашмир пароли за слобода, протестирајќи на погребот на 23-годишниот цивил Билал Ахмед Бат, кој наводно бил убиен од страна на индиските паравоени безбедносни сили (BSF), на 12 август 2015 година во Ларкипур, 35 км. јужно од Сринагар, летниот главен град на Кашмир во Индија. Стотици Кашмирци дојдоа на погребот на Бат, кој беше убиен од индиските паравоени сили, по што тие наводно отвориле оган врз демонстрантите кои протестирале против убиството на двајца припадници на „Лашкар-е-Тоиба“ (Армија на праведените), една од најголемите и најактивните милитантни организации во индискиот дел на Кашмир. Тие биле убиени во престрелка во село на југот на Кашмир, на 11 август 2015 година.

 

19. Демократска република Конго, 2006

Полицаец удира жена на демонстрации на најголемата опозициска партија, Унија за демократија и социјален напредок (UDPS), на 30 јуни 2006, во Киншаса. Главна тема на политичката елита на Демократска Република Конго (ДРК), почнувајќи од претседателот беше, по 45 години, да се обезбеди непречено одржување на првите демократски избори во земјата.

20. Авганистан, 2015

Демонстранти извикуваат пароли на протестот пред Врховниот суд во Кабул, на 24 март 2015 година, против убиството на авганистанска жителка. Повеќе од илјада луѓе протестираа во главниот град на Авганистан, барајќи правда, откако една жена беше брутално убиена од страна на толпа која лажно ја обвинила за палење на Куранот. На 19 март, 27-годишната Фаркунда била тепана со стапови и камења и фрлена од покрив, а потоа била прегазена со автомобил пред џамијата во Кабул. Потоа, толпата го запалила нејзиното тело и го фрлила во реката, додека полицијата, наводно, го гледала сето тоа.

21. Демократска република Конго, 2012

Членките на здруженијата против насилство врз жените во источниот дел на Демократска Република Конго, држат летоци во знак на протест против насилството. Протестот се одржува на отворањето на Самитот на Франкофонијата во Киншаса на 13 октомври, 2012 година. Францускиот претседател Франсоа Оланд ги истакна човековите права и потребата да се стави крај на конфликтот во источниот дел на Демократска Република Конго.

22. Франција, 2016

Активистката на Фемен, Сара Константин, се обеси на јаже на мост во Париз, за да го сврти вниманието на големиот број егзекуции во Иран. Протестот се одржа за време на посетата на иранскиот претседател Хасан Рохани во Париз, на 28 јануари, 2016 година. Речиси голата жена што висеше на јажето како мртов труп ја испрати пораката до иранскиот претседател Хасан Рохани.
23. Брег на Слонова коска, 2011

Жени се молат, конфронтирајќи се со војниците на протест со кој се бара да се повлече Лоран Гбагбо, во Абиџан, Брег на Слоновата коска, 28 февруари, 2011 година. Неколку минути по молитвата, војниците отвориле оган за да ги растераат демонстрантите. Во драматичната ескалација на конфликтот во земјата, според изјавата на канцеларијата на Бан ки-мун,

 

26. САД, 2000

Жена протестира за да му биде овозможено на Елиан Гонзалес да остане во САД. Протестот се одржува на 13 април, 2000 година. Жената ја држат во воздух останатите демонстранти во Мала Хавана, Мајами, пред куќата каде што престојува.Гонзалес.

27. Индија, 2010

Кашмирски жени извикуваат анти-индиски пароли на погребот на Мехрај-у-Дин-Лоне откако тој беше убиен од страна на индиската полиција, на демонстрациите на 3 август 2010 година во Сринагар, летниот главен град на Кашмир, Индија. Четири лица загинаа кога владините единици со куршуми и солзавец пукаа во илјадниците анти-индиски демонстранти во Кашмир.

28. Индија, 2010

Полуголи индиски Девадаси жени извикуваат антивладини пароли на протестите во Мумбај на 15 август 2010 година. Демонстрантките бараат 2000 индиски рупии (околу 43 долари) месечна пензија. Девадаси е Хинду религиозна практика во која девојките се мажат со божества и му се посветуваат на храмот.

29. Тајланд, 2008

Студентските поддржувачи на Народната алијанса за демократија (ПАД) маршираат низ улиците на Бангкок кон споменикот на демократија. ПАД, која е против избраната влада на Тајланд и премиерот Самак Сундаравеј, се обиде да ја прошири својата политика меѓу помладите делови на населението. Движењето првично се појавува како опозиција на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој беше соборен со воен удар, во септември 2006 година. Илијадници активисти на ПАД ја окупираат зградата на Владата и тврдат дека владата на Самак ја претставува традицијата на политичката корумпираност што мора да се отстрани. Насилните судири меѓу ПАД и провладините приврзаници резултираа со смрт и ја поттикна владатаво Банкок да прогласи вонредна состојба.

30. Австралија, 2015

Полицијата отстранува една жена од сцената на Мартин Стејџ кој проговори против демонстрантите на движењето „Reclaim Australia“, на 4 април 2015 година во Сиднеј, Австралија. Самоорганизирани собири на ова движење се одржуваат низ цела Австралија на кои се протестира против наводната „исламизација“ на Австралија.

31. Боливија 2015

Активистки на „Mujeres Creando“ облечени како калуѓерки протестираа против посетата на папата Франциско на Боливија. Полицијата ги отстрани од пред главната катедрала во Ла Паз, на 6 јули 2015 година. Папата Франциско на турнејата во Јужна Америка ќе посети три држави и ќе одржи миса во Еквадор на која ќе прсуствуваат повеќе од милион верници што пристигнале во текот на ноќта.

32. Брег на Слонова коска, 2008

Жени протестираат против растечките животни трошоци, на 31 март 2008 година, во населбата Јопугон, во Абиџан. Полицијата употреби солзавец за да ги растера неколкуте стотици демонстранти, од кои мнозинството беа жени.

33. Венецуела, 2015

Сопругата на затворениот лидер на опозицијата, Леополдо Лопез, Лилијан Тинтори и роднините на политичките затвореници протестраат во Каракас, на 14 декември 2015 година. Опозицијата на Венецуела одлучи да продолжи со планот за апсолутна контрола на идниот парламент, со фокус на ослободувањето на нивните затворени лидери и економски реформи, но претседателот Николас Мадуро однапред ја отфрли можноста за помирување.

34. Индија, 1996

Муслимански жени, сосема покриени, се спротивставија на претстојните избори во државата. Собирот е растурен со солзавец, на 3 септември 1996 година, во Сринагар.

35. Аргентина 2005

Жена протестира против намерата на владата да воведе ограничувања за пристап до банкарските сметки и бара од судиите на Врховниот суд да ја повлечат одлуката. Протестот се одржа на 25 јануари 2002 година, во Буенос Аирес. Протестите продолжија редовно да се одржуваат. Расте висината на надворешнот долг на земјата, а претседателот на Аргентина Едуардо Дуалде замрзна околу 65 милијарди долари на сметки за да спречи влошување на ситуацијата и големи финансиски проблеми на земјата.

36. Индија, 2008

Индиски полицајци држат жена од Тибет на демонстрациите пред кинеската амбасада во Њу Делхи на 12 март, 2008 година, по повод Денот на востанието на жените од Тибет. Околу 49 жени, држејќи тибетски знамиња се обидоа да влезат во кинеската амбасада.

37. Франција, 1993

Група демонстрантки со обоени лица на антифашистичките протести во Париз, во февруари, 1993 година

38. Белорусија, 2015

Бремени жени ја поминуваат улицата на маршот во центрот на Минск, на 30 август, 2015 година.

39. Еквадор, 2010

Афро-еквадорски жени се расправаат со полициските чувари на оградата пред Националното собрание во Кито, на 5 мај 2010 година, во знак на протест против предлог законот за приватизација на водоснабдувањето што би можело да влијае на домородното население во земјата. Демонстрантите тврдат дека законот ќе им овозможи на рударски фирми и фирми за електроснабдување да ја пренасочат водата и таа ќе стане недостапна на домородните групи. Бараат специјален советник да го уредува правото на вода.

40. Индија, 2010

Жени од Кашмир бараат слобода на протестите во Сринагар, на 16 јули, 2010 година. На 10 јули, индиските безбедносни сили воведоа строг полициски час во главниот град на Кашмир. Оваа одлука во наредните пет дена доведе до огромни улични протести. На 15 јули илјадници луѓе излегоа на улиците на градот Сринагар протестирајќи против од индиските безбедносни сили, кои ги обвинуваат за убиство на Кашмирци, во претходни протести против индиската власт.

41. Кина 2009

Кинеската полиција гледа жена што протестира на собирот на муслиманската етничка заедница Ујгур, во Урумки, во западниот дел од провинцијата Ксинџијанг, во Кина на 7 јули, 2009 година. На третиот ден од немирите, полицијата употреби солзавец за да ги растера илјадниците демонстранти, Хан Кинези, вооружени со импровизирано оружје. Во немирите предизвикани од етничките тензии, загинаа најмалку 156 луѓе. Властите наредија ноќен полициски час, а илјадници силно вооружени полицајци се распоредени низ Урумки.

42. Турција, 2011

Курдски жени протестираат држејќи слики на нивните исчезнати синови и ќерки, на 18 мај 2011 година, на демонстрациите во Истанбул. Турските војници убија 12 курдски бунтовници во борбите во југоисточниот дел на земјата, а загубија еден војник во експлозија на мина. Судирите започнаа на 12 мај, кога борците на Курдската работничка партија (ПКК) се обиделе да влезат во провинцијата Сирнак, во близина на Улудере, блиску до базите во Ирак. Според турските езедносни сили, вториот обид бил направен на 13 мај, вкупно 12 бунтовници биле убиени, четворица се предале и било запленето оружје.

43. Полска, 2011

Жени на протестот „Доењето не е непристојно“, кој се одржа во метрото во Варшава, на 15 јуни 2011 година, како реакција на забраната на градските власти на уметнички проект кој прикажувал мајки што дојат. Уметничкото дело требало да биде поставено во метрото.

44. Западен брег, 2004

Ученичка од муслиманско училиште ги држи портретот на палестинскиот лидер Јасер Арафат и националното знаме, придружувајќи се на протестот на неколку стотици демонстранти, против изградба на контроверзната израелска „безбедносна ограда“ преку нивната земја во селото Будрус, 15 километри западно од Рамалах. Протестот се одржа на 1 јануари 2004 година. Судирите ескалираа откако странци и Палестинци заедно протестираа во близина на градилиштето.

45. Индија, 2011

Индиски полицајци и активисти од „Krishak Mukti Sangram Samiti“ (KMSS) се судрија во Гувахати на 22 јуни 2011 година, на протестот против одлуката на владата да ги истера доселениците од државното земјиште. Според медиумите, три лица загинаа, а неколку се повредени во судирите меѓу полицијата и членовите на KMSS.

46. Куба, 2012

Активистите на опозициската група „Жени во бело“ протестираат против кубанската влада, на 23 февруари 2012 година во Хавана. Групата ја одбележа двегодишнината од смртта на кубанскиот политички затвореник Орландо Запата.

47. Турција, 2012

Жени протестираат одбележувајќи го Меѓународниот ден на жената, 8 март, во Анкара 2012 година.

48. Индија, 2012

Жена им се приклучи на демонстрантите кои се спротивставуваат на интервенцијата на кинеската влада во Тибет. Протестите се одржаа во Њу Делхи, на 23 мај 2012 година. Со протестот се одбележуваше 61-та годишнина од договорот помеѓу Тибет и Кина, за кој демонстрантите велат дека е потпишан под притисок на 23 мај, 1951 година. 14-тиот Далај Лама повеќе пати го критикуваше овој договор.

49. Турција, 2012

Жени носат транспаренти на демонстрациите против плановите на Владата за забрана и ограничување на абортусот во Турција. Протестот се одржа на 17 јуни, 2012 година, во Анкара. На некои од транспарентите пишува „нелегалниот, а не легалниот абортус убива“. Мнозинството од Турците се против забраната на абортусот што сака да ја воведе происламската влада. Според анкета објавена на 11 јуни, вкупно 55,5 отсто се изјасниле дека се против забраната, а останатите 44,5 отсто се за, според Центарот „Konsensus“, анкетата била спроведена меѓу 1.500 луѓе, помеѓу 24-ти и 6-ти јуни, објави весникот „Хабертурк“.

50. Шпанија, 2012

Демонстрантка со голи гради држи транспарент со натпис „Љубовта нè обединува, сите сме еднакви, се раѓаме слободни и ќе умреме слободни“, на демонстрациите организирани од шпанските „Огорчени“, популарно движење против политичкиот систем за кој велат дека ги лишува од глас обичните Шпанци. Протестот се одржа во близина на зградата на парламентот во Мадрид, на 29 септември, 2012 година. На 24 септември, полицијата употреби гумени куршуми и беа подигнати обвиненија против голем број демонстранти, кога илјадници се собраа во близина на парламентот изразувајќи го гневот заради економска криза. Во судирите најмалку 14 лица се повредени.

51. Шпанија, 2016

Протест против насилството врз жените, на демонстрациите што се одржаа на 14 февруари во Мадрид.

52. Велика Британија, 2012

Демонстрантки облечени како суфражетки се собраа на протестот организиран од организацијата „UK Feminista“, барајќи еднакви права за жените и мажите. Протестот се одржа на 24 октомври 2012 година во Лондон. Илјадници жени од целата земја го опкружија Вестминистер со намера да лобираат кај нивните пратеници против законите што ги намалуваат женските права.

53. Алжир, 1998

За време на немирите, жена пишува на штитот на полицајците, на протестот организиран од Движењето за култура и демократија (RCD) во Алжир, на 2 јули, против законот за арапскиот јазик како единствен официјален јазик во Алжир. Во услови на континуирана тензија по убиството на берберскиот пејач Лунес Матуб, околу 1.000 луѓе учествуваа на протестот во кој се повредени тројца полицајци и еден демонстрант, во моментот кога полицијата ги спречи демонстрантите да одат кон резиденцијата на претседателот.

54. Србија, 2005

Активистка на „Жени во црно“, меѓународна мировна мрежа, лежи на земја завиткана во пластична кеса, на протестот што се одржа во Нови Сад, на 10 декември, 2005 година. Движењето го одбележува 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права со перформанс, барајќи поголеми права за малцинствата во Војводина.

55. Филипини, 2008

Жените работнички во „Триумф Интернационал“, најголемиот производител на долна облека на Филипините, фрлаат градници и гаќи, на протестот „Долна облека“ на 15 октомври 2008 година, кај магацинот на компанијата во финансискиот кварт Макати, во Манила. Стотици демонстранти излегоа од фабриката откако се одложија преговорите за подобри плати.

56. Индија, 2009

Членовите на „gulabi band“ (розова банда), извикуваат пароли на протестот во Њу Делхи, Индија, на 17 септември, 2009 година, барајќи посебна држава Бунделканд. Групата го носи името заради розовите фустани што ги носат во областа Утар Прадеш. Жените со стапови се борат за социјалните прашања.

57. Белгија, 2015

Жена фрла јајца врз полицијата на демонстрациите на земјоделците во Брисел, на 7 септември, 2015 година. Европските сточари демонстрираа во Брисел против, како што велат, нефер цените на нивните млечни производи.

58. Турција, 2016

Активистки на турското движење „One Billion Rising“ танцуваат на демонстрациите против насилството и неправдите врз жените, на Денот на вљубените во Анкара, 14 февруари, 2016 година.

59. Нигерија, 2016

Жена држи плакат на кој пишува „Зголемувањето на тарифата е капиталистичка измама“, на демонстрациите против зголемувањето на цената на струјата за 45 отсто, на 8 февруари 2016 година во Лагос. Синдикатите под капата на Нигерискиот конгрес на трудот (NLC) и Конгресот на трговска унија (TUC) во соработка со студенти и граѓански здруженија, организираа протест против зголемувањето на цената на електрична енергија, кое стапи на сила на 1 февруари, 2016 година.

60. Перу, 2016

Перуанки од Андите, жртви на присилна стерилизација, протестираат во Лима, на 10 февруари, 2016 година. За време на владеењето на Алберто Фуџимори, во средина на деведесеттите години, присилно биле стерилизирани илјадници жени, како дел од програмата на поранешниот претседател Фуџимори, кој тврдеше дека пониска стапка на наталитет е од суштинско значење за елиминирање на сиромаштијата во Перу.

Извор: Huffington Post

Преземено од Окно

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *