Култура

Бисерок лечи многу болести а најмногу женските

Во народната медицина таа е позната и под други имиња: бисерок, росник, вркута, ситна росница, моминска наметка, арсланска шапа… Оваа повеќегодишна билка му припаѓа на семејството рози и има над 300 сродници низ светот. Се употребува како средство за запирање на крварења од внатрешните органи, матката, и од хемороиди.

Билката собено е добра за запирање на крварења од матка при обилни менструации, против бело прање, заболени јајници, цисти и ХПВ вирус. Надворешно се употребува како гаргара при заболување на устата и грлото, за лекување на рани од изваден заб, рани предизвикани при породување. Исто така се користи како средство за зајакнување на мускулатурата кај мали деца и тоа во форма на купка. Се препорачува кај: неплодност, слабеење, зајакнување на матката, стафилококи, егземи, дерматитиси, мачнина, повраќање, водена болест, слабокрвност, преметнување на жила, реума, гихт, излив и диабет.

Со оглед на тоа што помага за лекување менструални тегоби и болести на матката и на јајниците, според тврдењата не само на современите туку и на древните тревари, оваа билка би требало секоја жена да ја има при рака.

Расте на шумските стрмнини, особено во планинските предели, а може да се пронајде и покрај пат, на падини и на влажни ливади. Подземното стебло на бисерокот е разгрането, а надземниот дел на билката може да достигне висина до 40 сантиметри. Листовите се наизменични и крупни на дршките, во целина се тркалезни и изделени на 7-11 плитки резени, кои по работ се запчести и обраснати со влакненца. Цветовите  имаат жолто зелена боја, а болката цвета од мај до август.  во фитотерапијата се користат надземнните делови на билката во цвет, а поретко само листовите поради што имаат горчлив и комињав вкус. Росникот содржи танин, гликозиди, флавоноиди, елагна киселина и етерични масла, кои благотворно делуваат на организмот и го ублажуваат воспалението на кожата и на слузокожата.

Среднивековните алхемичари ги собирале капките од дпждовницата што се задржале во средината на листот на росникот затоа што верувале дека таа поседува разни магиски и натприродни својства. Латинскиот назив на оваа билка , Alchemilla vulgaris, води потекло од арапскиот збор alkimiya, што значи лек за сите болести.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *