Култура

Турските Црноморци се најнослестата популација на планетава

Црноморците се познати како најнослеста популација на планетата. Нивниот најелитен репрезент влезен е и во Гинсовита книга на рекорди со 8,8 сантиметри долгото сетило за мирис, но помладите во последно време се почесто се одлучуваат за хируршко кратење на „националниот атрибут“.

metin-ozjurek-2

Метин Озурек го држи рекордот за најголем нос од 8,8 сантиметри

Вo Турција, долж бреговите на Црното Море, живее една многу необична етничка групација на Турци. Едноставно, се викаат Црноморци и, според многу нешта, единствени се или први, не само во Турција, туку и во целиот свет. Живеат во регион кој е светски рекордер во производство на лешници, но се многу попознати по еден друг рекорд. Имено, важат за најнослеста човечка популација на планетата! Тоа и официјално е потврдено во Гинисовата книга на рекорди, каде што гордо се перчи нивниот најистакнат репрезент, Метин Озјурек од Артвин, чиј нос од коренот до врвот се протега цели 8,8 сантиметри!

crnomorski-horon-oro

Црноморско хорон оро

Меѓутоа, кога е во прашање оваа специфична популација, за чија необичност се „виновни“ Лазите – една исламизирана етничка групација која некогаш, како и грузиската, и` припаѓала на старата картвелска заедница чии потомци се најголемиот дел од турските Црноморци. Овие познати приморци и планинци кои живеат по најшумовитите гори и планини што започнуваат непосредно над бреговите на Црното Море, познати се и како многу големи веселници и луѓе со силно развиена смисла за хумор.

sumela-manastir

Сумела манастир

 

priodite-kaj-artvin

Приодите кај Артвин

Црноморците имаат свој оригинален и разигран фолклор кој во, придружба со жичаните инструменти и еден гудачки што личи на гусли, задолжително се зачинети со карактеристичен мелос и шеговити песни (поскочици) и неодоливо потсетуваат на Херцеговци, а во еден дел и на Македонци. При долгогодишен престој во Турција, авторот на овие редови, на пример, повеќепати има слушнато црноморски шеговити песни, секако со друг текст, чија музика и ритам се слични или исти со песната „Зајко кокорајко“ која ја пееше познатиот интерпретатор на македонските народни песни Александар Сариевски. Освен тоа, имаат уште една силно изразена карактеристика: истенчено чувство за меѓусебно помагање и поддржување во другите средини, особено во Истанбул, каде што во последните неколку децении голем број од нив економски мигрирале.

crnomorski-planinski-predel

Црноморски планински предел

Турските Црноморци се, често, како народ од виц. На пример, нивните жени за кои не е необично да се сретнат на работа в нива и на планина додека мажите бистрат политика во чајџилница, многу сакаат да носат оружје. Не е редок случај една измамена Црноморка да се куртули од ривалката со ладнокрво пукање од пиштол! Исто така, познати се  и по тоа што сакаат да играат фудбал, но облечени во традиционална носија – шалвари. Меѓу жените во регионот овој спорт, популарно наречен „шалвар спорт“, толку е популарен што има голем број тимови кои играат во посебна, локална лига, а меѓу бројните навивачи најголемиот дел се мажите.

shalvarsport-2

Фудбалот е популарен спорт меѓу Црноморките

За разлика од Црноморците што живеат во планинските предели и чија кујна во голем дел се базира на пченка и пченкарно брашно, нивните сродници во приморјето до бесвест ги развиле јадењата од хамси. Хамси е ситна и вкусна риба која што живее во црноморските води, од која Црноморците подготвуваат мал милион јадења. Кај нив, почнувајќи од хамси-пилавот, речиси секое јадење е со хамси. Оваа риба, која станала и нивен заштитен знак, ја имаат ставено и во слатки и од неа направиле дури и „хамси баклава“!

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Берба на чај во Ризе

На сметка на нивната „памет“, а попрво би се рекло курнаска досетливост, испредени се многу вицеви на кои и тие самите се смеат без комплекс. Секако, во тие вицеви често е вткаен и носот како нивна најголема гордост.

safranbolu

Сафранболу

Во Турција речиси секој виц започнува со: „Си биле еднаш Темел и Дурсун…“, како што некогаш, во поранешна Југославија биле Мујо и Хасо. Темел и Дурсун се најчестите имиња кај турските Црноморци. Речиси секој трет се вика така. Како и во вицот, и во вистинскиот живот,кај понежниот пол, предничи женското име Фатиме која му е, всушност, сопруга на Темел.

Меѓутоа, Црноморците во последно време станаа „загрозен вид“. Извршен е невиден „атак“ на нивната најголема гордост – долгите носови и традиционалните имиња.

Помладите генерации веќе немаат усет за традиционалниот имиџ на кој постарите се многу горди. Во матичните служби веќе речиси не се запишуваат новороденчиња со имиња Темел и Дурсун. Дури и тогаш кога тоа се прави, тоа е задолжително во придружба со уште едно име, додека Фатими изгледа веќе воопшто не се раѓаат!

ХАМСИ ДО СТО И НАЗАД

           Од рибата хамси турските Црноморци, верувале или не, подготвуваат околу стотина разни специјалитети. Освен споменатата баклава со хамси (!?), имаат и слатко од хамси, потоа леб, пиде и бурек. Од останатите јадења, ќе наброиме само неколку поинтересни: чорба од хамси, хамси-пилав, хамси-тава, хамси-пилаки, омлет со хамси, хамси во фурна, хамси-кебаб, хамси-ќофте, хамси-долма, хамси-мантии, хамси-шиш, хамси на скара,  хамси со бунгур, хамси-ѓувеч, хамси со млеко, хамси на шумски начин, хамси со пченка, спанаќ со хамси, хамси-јапрак сарма, хамси со… и така до сто и назад!

ribata-hamsi

МУХЛАМА (КУЈМАК)

        За разлика од приморските Црноморци, на кои најглавната состојка на сите јадења им е рибата хамси, планинските црноморци многу јадења подготвуваат о пченка и пченкарно брашно. Најпознатото јадење од нив е секако мухлама (во ориг. м`хлама) или уште наречено кујмак. Еве ја рецептата:

muhlama-kujmak

Потребни состојки:

  • 1 голема чаша пченкарно брашно (никако палента)
  • 25о гр кашкавал (изворно се става трабзонско сирење, кое спаѓа во категорија на жолти сирења)

 

Пишува: Исмет Кочан

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *