Култура

Црвена детелина – успешна и кај жените и кај мажите

Црвената детелина (Trifolium pratense) е билка многу богата со изофлавоноиди, кои во вода претставуваат растворливи соединенија кои се однесуваат како естрогени, познати под колективноот име – фитоестрогени. Оваа билка се користи кај намалување на топлите бранови во менопаузата, ПМС, за зголемување на гради и воопшто за подобрување на здравјето на женските гради, за намалување на холестерол, подобрување на продукција на урината и циркулација на крвта, превенција на остеопороза, за намалување на веројатноста од создавање на крвни згрутчувања и артериски плакови и спречување да се развие зголемувања на простата (хиперплазија).

Црвената детелина е извор на многу хранливи материи: калциум, хром, магнезиум, нијацин, фосфор, калиум, тианин и витамин Ц.

Во фитотерапијата (лекување со лековите билки) најмногу се цени и се употребува нејзиниот цвет којшто има розовопурпурна боја и е богат со состојки коишто поседуваат широк спектар на терапевтски дејства.

Цветот од црвена детелина во својот состав содржи голем број изофлавоноиди, од кои меѓу главните активни компоненти се естрогените изофлавоноиди биоханин А, даидзеин, формононетин и генистеин. Токму овие компоненти се одговорни за главните дејства на билката. Постојат бројни испитувања во коишто е докажано фитоестрогеното дејство на оваа билка, поради што помага за воспоставување и за одржување на естрогениот баланс кај жените. Билката веќе долги години се употребува за ублажување на симптомите кај жените при состојби на климактериум (менопауза), вклучувајќи ги и промените во расположението и топлотните бранови. Поради овие споменати лековити својства, црвената детелина се користи и како природна алтернатива на традиционалната хормонска заменска терапија.

Цистите на јајниците многу почесто се јавуваат кај жените во  менопауза, отколку во било кој друг период од животот на жената. Сепак, не се исклучок и оние периоди кога без разлика на возраста постојат одредени хормонални и ткивни промени кои доведуваат до појава на цисти на јајниците. Во основа, нивната појава дефинитивно најчесто се поврзува со намалување на оптималното ниво на хормони во женскиот организам. Црвената детелина е позната по тоа што содржи супстанции кои во организмот имаат слично дејство како естрогенот, што ја прави идеален природен лек против цисти на јајниците.

Црвената детелина се смета би можела да ги спречи заболувањата на кардиоваскуларниот систем и коските, на кои се изложени жените после менопауза. Во договор со докторот, би требало да се консумираат препаратите врз база на црвена детелина од 40 до 86 милиграми дневно

Изофлавоноидните компоненти поседуваат противвоспалително и антиоксидативно дејство и го намалуваат растот на некои туморни клетки, при што билката наоѓа примена и како помошна терапија при бенигно зголемување на простатата. Клиничките испитувања покажале позитивни резултати и при третман на хиперлипидемија и на остеопороза.

Во традиционалната медицина цветот од црвена детелина се употребува локално за третман на дерматолошки (кожни) нарушувања, како псоријаза и егзема, додека, пак, перорално (преку уста) се употребува за третман на астма, бронхитис и на  кашлица.

Чај од црвена детелина:

  • 1 чапа црвена детелина
  • 1 литар вода

Провриена вода со температура од 90 степени се истура врз цветовите и се остава да стои од 4 до 10 часа. Може да се подготви и пред спиење и да се пие во текот на наредниот ден.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *