Култура

Хумус – еден од најздравите намази во светот

Некои го нарекуваат паштета, други намаз или макало од леблебии, но во секој случај станува збор за еден од најпознатите специјалитети на Блискиот исток. Хумусот е едно од најпопуларните арапски јадења, коешто по својот вкус и хранливата вредност како и по неговата автентичност е вистинско „чудо“ кое го освојува светот. Основата се прави од наут, таан и маслиново масло, додека останатите состојки се варијабилни, во зависност од вкусовите на конзументите. (сок од лимон, лук, кромид, зачини). Ви препорачуваме рецепт за кој сметаме дека ќе ви се допадне:

Рецепт:

  • 200 грама наут
  • 60-70 мл. маслиново масло
  • 7-8 супени лажици таан
  • 1 цеден лимон
  • неколку чешниња лук
  • средна главица кромид
  • куркума (по желба)
  • кимион (по желба)
  • бибер (по желба)
  • црвен пипер по желба
  • сол

Наутот се потопува во водa, се остаба да стои најмалку 12 часа. Потоа се процедува и може да го оставите да стои во следните 24 часа за да изрти но не мора. Измиениот и набабрен  или изртен наут се вари на не многу јак оган околу 30 минути за да омекнат зрната. Откако наутот е омекнат, водата се отстранува, а омекнатите зрна се префрлаат во блендер или во сецко. Се додаваат и останатите состојки. Комбинацијата и количеството на овие состојки можете да ги смените по ваша желба. Ако содржината е многу густа и не може да се изблендира, внимателно  се додава по малку масло или наут, а може и двете. Се  става сол и зачини.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *