Култура

Исфарбајте ги јајцата со природни бои: цвекло, спанаќ, куркума…

Јајцата можете да ги офарбате со она што го имате дома, со природни бои, без да се грижите и да мислите што ќе правите со јајцата кои напукнале и примиле од бојата што сте ја купиле од пазар, Еве ви пример како да добиете најразлични бои со варење на зеленчук, билки и зачини.

1..Кафеава боја

За постигнување на ваква боја во водата во окја се варат јајцата додадете кафе,  или лушпи од орев, или руски чај.

braon jaja

2. Розова нијанса

Ако сакате јајцата да ги обоите во  нијанса на црвено, заедно со јајцата варете цвекло, чие што количество сами ќе го одредите. Ако сакате потемно црвено, ќе ставите повеќе цвекло. За понешно црвено ставете брусница, или сок од црвено грозје.

rize

3.Зелена боја

Изборот на зелената боја ќе го добиете со избор на зелени растенија. Така, во водата во која ги варите јајцата можете да додадете спанаќ. Поинаква зелена боја се добива со варење на коприва заедно со јајцата.

zeleno

4. Сина боја

За сино обоени јајца варете листови од црвена зе,ка, или сок од црно грозје.

palvo

5. Црвена боја

За добивање на природна црвена боја, користете лушпиод црвен кромид. Црвена боја можете да добиете и со доавање на црвен пипер во водата.

crveno

6. Портокалова боја

На сите ни е познато фарбањето на јајца со лушпи од кромид. Речиси истата нијанса се добива со варење на морков. Убава жолта боја се добива и со додавање на куркума во водата во која се варат јајцата.

narandžasta

7. Жолта или лимон боја

За постигнување на убава и нежна жолта боја сварете кори од лимон, портокал или врвовите на морков. Исто така жолтата боја можете да ја добиете и со варење на јајцата во чај од камилица.

zuto

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *