Култура

Карамел обланди со ореви

  • 1 пакување обланди
  • 1 литар млеко масленост 3,2
  • 900 грама шеќер
  • 300 грама мелени бисквити
  • 100 грама ореви
  • 250 грама путер

Ставете ги млекото и шеќерот да зовријат, намалете ја температурата и оставете околу еден час на тивко да вријат. Одвреме навреме промешувајте и никако не ја зголемувајте температурата. По еден час тргнете го карамелот и додадете го путерот и мешајте додека не се растопи. Во филот додадете ги мелените бисквити и ореви, промешајте и веднаш започнете со филување.  Обландите филувани превртете ги а врз нив ставете некоја тежина за  тие убаво да се слепат.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *